Offside

Утре вечер (среда) од 19 часот ДР Конго ги почнува своите настапи на Мундијалот 2026 и тоа против силната и моќна Португалија. На трибините би требало да биде и тој, најпознатиот навивач на „леопардите“.

Кире во свој стил, во последен напад го спаси Нант од пораз

Му го дадоа само второто полувреме, а тој возврати со 5 гола, 3 асистенции и клучен проектил во финишот од 9 метри, за бод на гостувањето кај екипата на Гог во Европската лига, 29:29. Ете тоа е Кире Лазаров, човекот кој е навлезен во 42-рата година од животот.

Џејми Фокс и Лука Дончиќ шутираа тројки, глумецот блесна

Далас Маверикс поминува низ многу тежок период со дури 5 порази на последните 6 меча. Синоќа убедливо изгубија 114-96 од Кливленд Кавс. Дончиќ имаше јак меч со трипл-дабл: 25 поени, 10 скока и 10 асистенции. Пред дуелот стигна да шутира тројки со прославениот холивудски глумеџ Џејми Фокс (53) кој се покажа како добар тројкаш.

Талпата Валанчунас висок 2.13 см кој постигна 7/7 тројки

Високиот Литванец Јонас Валанчунас постигна рекордни во кариерата 39 поени, со 15 скока и 3 асистенции во победата на Њу Орлеанс Пеликанс над ЛА Клиперс 123-104.

Најлошиот „No look pass“ во историјата на фудбалот

Не е Неста, ниту Михајловиќ, а најмалку Јап Стам, туку Патрик. Стопер на Лацио, светлосни години далеку по квалитет од многу негови претходници. На старт на натпревар во рок од 3 минути примаaт два гола од Наполи, а дрвцево му одзема топка на Инсиње и глуми Рамос. Цела Италија му се смее.

Не ја пипкајте топката, нека направи малиот трипл-дабл

На мечот Хјустон Рокетс - Оклахома Сити Тандер кој заврши 102-89 за „ракетите“, се случи интересен момент. На 90 секунди пред крајот, на 15+ поени предност за Хјустон, гостите промашија шут за три поени, топката се одби близу до Алперен Шенгун но сите соиграчи бараа Кевин Портер Џуниор да ја собере за да може да го комплетира својот прв трипл-дабл во кариерата: 11 поени, 10 скока и 11 асистенции (4/17 од игра)

Статистиката која го прави Меси подобар од Левандовски

Многу луѓе сметаат дека најпрестижната индивидуална награда, заедно со онаа на ФИФА, највеќе ја заслужил Левандовски. Но има и такви кои аргументирано зборуваат во корист на Меси. Да ја ѕирнеме и нивната страна.

Селекторот на Русија Зоран, кој бара да се зборува само руски јазик

Зоран Лукиќ има 50 години, роден е во Белград. Малку е познат на европската и балканската кошаркарска сцена. Чекор по чекор го трасирал патот дури до селекторско столче на Русија. Од домашниот Беопетрол заминал да биде тренер во вториот, резервен тим на ЦСКА Москва, па долги години го водел клубот Нижњи Новгород каде и денес е паралелно тренер.

Јокиќ и браќата исвиркани во Мајами, Никола одговори со 24 поени и победа

Никола Јокиќ се врати после паузата поради повреда и на гости кај Мајами Хит го водеше својот Денвер Нагетс до триумф 120-111. Јокиќ уфрли 24 поени, 15 скока и 7 асистенции. Неговото гостување во Мајами беше долгоочекувано после големиот инцидент кога го удри Маркиф Морис на првиот нивен дуел во Денвер.

Гол на Јаховиќ за голем бод против Фенербахче

18 пласираниот Гезтепе одигра 1:1 против фаворитот Фенербахче кој котира на четвртата позиција на во турскиот шампионат. Головите паднаа во 40-та и 48-ма минуга, а резултатот го отвори Адис Јаховиќ кој добро се снајде. Украде топка, го мина чуварот и одлично финишираше. Се надеваме на вакви партии и во дресот на Македонија.

Лионел Меси по 7-ми пат доби Златна топка, светот бара правда за Левандовски

Франс Фудбал на буквално неколку часа пред свечената церемонија за доделување награди за најдобрите фудбалери во изминатата 2021-ва воведе нова награда - пазете: за најдобар напаѓач со која сакаше колку толку да го обели образот што главната награда Златна топка не оди кај најзаслужниот за неа. Не стигнале на време да организираат награда за најдобар играч од среден ред и најдобар дефанзивец на годината.

Симон Кјаер доби посебни аплаузи на церемонијата

Изненадување во изборот на топ 30 играчи на годината беше името на Кјаер. Но неговото присуство нема врска со фудбал. Стоперот на Милан и селекцијата на Данска, прв истрча за да му го спаси животот на Ериксен на Европското првенство. Дидие Дрогба го нарече херој кој ја направил разликата, хајлајт за 2021-ва според него.

Најјаката асистенција за 2021-ва

А „Франс Фудбал“ доделува ли награда за асистенција на годината? Лисандро Лопез од аргентинскиот прволигаш Расинг сака да ви покаже нешто.

Мечот на зимата доаѓа од Албанија

Во 9. коло од албанската трета лига, клубот Прмети од градот Премет го пречекал тимот на Лаберија. Гостите победиле 0-2 а видео снимки од мечот го обиколија светот. Услови за игра? Базен за ватерполо.

Махериште на колото за 577.000 денари

Одиграл четири утакмици со големи коефициенти од кои две му ги дава во судиско. Феенорд израмни на 2:2 во 93-та минута, а Ајнтрахт во 94-та исто за 2:2. Што ти е спортска среќа.

17-годишниот Теодор Симиќ е новиот бисер на македонската кошарка

Македонската кошаркарска репрезентација во ослабен состав без своите најдобри играчи не можеше да ѝ пружи голем отпор на моќната Шпанија кој славеше убедливо во Скопје 65-94 во квалификациите за Светско првенство.

Зошто Левандовски ја заслужува Златната топка за 2021?

Роналдо ја освои пет пати, Меси шест пати и многумина мислат дека им се доста, односно дека има и други момци кои треба да ја освојат. Како на пример Роберт Левандовски, човекот кој стана асоцијација за гол. Дефинитивно ова е негова година.

Не баш пријатно вклучување во живо на италијанска новинарка

Не станува збор за славната Дилета Леота, туку за нејзината колешка Грета Бекаља која известуваше од мечот Емполи - Фиорентина. Се најде во друштво на најгневните гостински навивачи од поразот.

Жестока дебата меѓу Рој Кин и Карагер: Зошто Роналдо останал резерва на клупа?

Двете легенди на Премиер лигата, Рој Кин, некогашниот лидер и капитен на Манчестер Јунајтед и Џејми Карагер, поранешен капитен на Ливерпул работат како стручни коментатори за „Скај Спорт“.

Играч на Трабзон се надмина себе си пред гол

Обагејанг не си сам викендов, не се секирај, имало и бетер од тебе, најбетер за ова коло, па и месецов, кој сигурно ќе конкурира за утка на годината во Турција. Ентони Нвакаеме веројатно знае дека голот е широк 7,3 метри, само уште да најде начин како да го погоди.

Сте го виделе ли чистачот на паркет од Африка?

Антонио Ван-Дунем или попознат како Тој Лимпа е лик од Африка кои со начинот на кои ги брише и чисти кошаркарските паркети стана светски познат. Кога на пауза или некој прекин тој излегува на паркет, за момент застануваат и тајм-аути, го следат и играчи и тренери и навивачи.

Голманот на Иран и Боависта и официјално влезе во Гинис за најдолго фрлање топка со рака

За него се вели дека како дете бил многу добар во традиционална иранска игра со фрлање камен, иако ние мислиме дека има вежбано и со ѓуле.

Голем хаос во Солун на дербито ПАОК - Арис

Во 11. коло од грчката Суперлига се судрија големите градски ривали од Солун, ПАОК и Арис. Гостинските фудбалери одиграа подобар фудбал и во 42’ минута од мечот поведоа со 0-1 со голот на Даниел Мансини. Ама следеше позната епизода од грчките стадиони.

Наполи откри два реалистични споменици за Марадона и во дресови со неговиот лик го растури Лацио

Кога е нешто во знак на Марадона, Неапол е обединет, силен, моќен. На 25.11.2020, четири дена по смртта на Диего Марадона Наполи ја декласираше Рома со 4:0. Сега, три дена по годишнина од смртта на стадионот „Диего Марадона“ го суредија Лацио со 4:0.