Е тоа е држава и клуб, тренерот на шампионот Баерн после неумесна изјава отиде на пожарникарска обука

Баерн Минхен по неверојатен 10-ти пат по ред ја освои шампионската титула во Бундеслига и тоа на најсладок начин после победа од 3-1 над големиот ривал Борусија Дортмунд. Баварците доминираат со години, најбогат се и најдобар клуб а тоа го докажаа и преку еден интересен пример.

Младиот тренер на Баерн Минхен Јулијан Нагелсман ја освои првата шампионска титула во тренерската кариера, но пред шампионскиот меч со Борусија Дортмунд направил кикс во една изјава па клубот морал да го вади.

На едно новинарско прашање дали екипата ќе игра сериозно ако вака предвреме рано ја освои титулата, Нагелсман рекол:

„Тоа е наша работа. Ние не сме волонтери. Не сме ние во доброволната пожарникарска служба на Зидгизинг (реон во Минхен), туку во Баерн. Ќе се трудиме да покажеме достојна игра на секој натпревар до крајот“.

Таквата споредба не им се допаднала на пожарникарите-волонтери кои во Германија ги има многу повеќе од професионални пожарникари. Во доброволна одбрана од пожар има повеќе од милион луѓе, односно секој 80-ти жител во просек. Во малите градови и села, пожарните во целост се составени од доброволци. Во големите градови има професионалци и доброволци.

Сојузот на пожарникари на Баварија излегол со изјава:

„Почитуван господине Нагелсман, пред се ние жалиме што на вашите играчи им е потребен силен финансиски стимул за добри резултати. Вашите зборови за доброволните пожарникари ги сметаме за навредливи. Сметаме дека тоа е грубо во однос на секоја волонтерска служба“.

Претседателот на Баварското здружение на пожарникарски бригади Јохан Ејценбергер додал:

„Ние сме изненадени од оваа изјава, зошто ја дискредитира приврзаноста кон работата на нашите спасувачи. Во Баварија дежураат отприлика 320.000 пожарникари-доброволци за 0 евра плата. Тие дејствуваат во просек за 2,5 минути. Ние би сакале да го повикаме господин Нагелсман да ја посети доброволната пожарникарска единица во Баварија и да ги разјасниме евентуалните недоразбирања“.

Нагелсман се извинил јавно во студиото на Sky а после неколку дена го прифатил повикот и отишол во посета. Пожарникарски бригадири му демонстрирале на тренерот на Баерн Минхен операција за спас на луѓе од опожарена зграда. Му објасиле како работат пожарните и му покажале инструкции како да се справи во вонредни ситуации. Тој за возврат им подарил дрес од Баерн со број 112 - бројот на пожарна во Германија.

Во еден момент и го кренале на висина од 40-ина метри.

„Споредбата која што ја направив минатата недела беше неумесна. Никогаш не сум сакал да ја дискредитирам доброволната пожарникарска служба или волонтерите во целост. Како што сега сум поубеден дека сите тие имаат огромен обем на работа и тие луѓе извршуваат вредни услуги за целото општество на доброволна основа.

Со огромна почит се однесувам кон сите кои волонтираат. Социјалните работници како и доброволците во пожарникарските служби се прав пример за следење. Тие имаат основно значење за функционирање на едно општество“, рекол Нагелсман и ја признал вината.

Тренерот на Баерн со мегафон им се заблагодари на вработените во клубот

 

26 април 2022 - 14:47