Кои се најмалите градови кои имале полуфиналист во Лига на шампиони?

Во ера на модерен фудбал полеан со милијарди од шеици, нафтни магнати и олигарси, речиси и да подзаборавивме на некои убави романтични фудбалски приказни од минатото. Кој денес би се сетил дека малите Ла Коруња, ПСВ Ајндховен, Леверкузен, Нант и Шалке играле во сама завршница на Лига на шампиони?

За шпански услови малото градче Виљареал со 50.000 жители е еден од градовите чии клубови стигнале до самата завршница на најелитното европско клупско натпреварување. 

ЛАЈПЦИГ (Германија): 605.000 жители

Најголемиот клупски успех на РБ Лајпциг беше полуфинале на Лига на шампиони во сезоната 2019/2020. Поради глобалната пандемија тогаш УЕФА реши да нема натпревари дома-гости со реванш, туку се играше фајнал фор во Лисабон. РБ Лајпциг се состана со ПСЖ и изгуби 3-0.

ДОРТМУНД (Германија): 588.000 жители

Борусија има три полуфиналиња во историјата. Последен пат играа речиси пред 10 години кога го совладаа големиот Реал Мадрид па после во се-германското финале изугбија во дербито со Баерн Минхен.

Дортмунд до завршницата стигнуваше во 1996/1997 кога и ја освои ЛШ. Во полуфинале играше 1997/1998, 2012/2013.

НАНТ (Франција): 319.000 жители

Во сезона 1995/1996 Нант стаса до полуфинале на Лига на шампиони. Францускиот состав потклекна пред Јувентус кој славеше со вкупен резултат 5:2 (3-2, 2-0).

ГЕЛЗЕНКИРХЕН (Германија): 261.000 жители

Актуелниот германски второлигаш има едно финале на Куп на УЕФА во 1997-ма кога славел против Интер, а во Лига на шампиони во 2010/2011 достигнаа дури до полуфинале.

Во четвртфиналето клубот од Гелзенкирхен го совлада тогашниот шампион Интер со убедливи 5-2 и 2-1. Во полуфинале изгубија од Манчестер Јунајтед.

ЛА КОРУЊА (Шпанија): 250.000 жители

Историско полуфинале за Депортиво, најголемото изненадување во 2000-те години. Во 2004-та ги урна големите Јувентус во осминафинале и Милан во четвртфинале (епскиот пресврт - после поразот 4-1 во Милано, дома славеа 4-0).

Жозе Мурињо со Порто ги елиминираше Галијците (0-0, 1-0) а Порто тогаш и ја освои титулата.

ПОРТО (Португалија): 215.000 жители

Гигантот од Порто има две полуфиналиња на ЛШ во историјата. Освен гореспоменатото со Депортиво Ла Коруња, претходно во 1994-та играа против Барселона која беше подобра. Каталонците после не можеа ништо против силниот Милан на Фабио Капело.

Порто беше шампион на ЛШ 2003/2004, а полуфинале играше и во 1993/1994.

АЈНДХОВЕН (Холандија): 210.000 жители

Најголемата гордост на градот Ајндховен стигна до полуфинале на Лига на шампиони во 2004/2005. Холанѓаните предводени од Гус Хидинк го елиминираа Монако во осминафинале и Лион во четвртфинале, за да во полуфинале се судрат со Милан кој беше поуспешен.

ЛЕВЕРКУЗЕН (Германија): 164.000 жители

Симпатичниот клуб од Леверкузен засекогаш ќе ја памети „малерозната“ сезона 2001/2002 кога можеа да освојат буквално се, а на крај останаа со празни раце. Играа до последно коло за шампионска титула и ја изгубија за само еден бод зад Борусија Дортмунд. Во финале на германскиот Куп изгубија од Шалке а после и во финале на Лига на шампиони изгубија од Реал Мадрид.

Претходно таа сезона ги елиминираа Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Од единственото полуфинале на ЛШ на Баер Леверкузен поминаа 20 години.

ВИЉА-РЕАЛ (Шпанија): 50.000 жители

Второ полуфинале на Лига на шампиони за малиот Виљареал (и малото градче Виља-Реал, на 60 километри од Валенсија). По она во 2006-та кога си срушија Ренџерс и Интер па несреќно испаднаа од Арсенал (Рикелме промаши пенал за пласман во последните секунди од реваншот), „Жолтата подморница“ сега одново сонува големо финале на ЛШ.

Што се однесува до други натпревари за титула, Виљареал во 2021-ва го победи Манчестер Јунајтед во финале на Лига Европа.

МОНАКО (Кнежевство Монако): 39.000 жители

Најмалиот град чиј клуб стигнал до полуфинале на Лига на шампиони (дури и во финале). Монако има 4 пласмани во полуфинале на Лига на шампиони но ниту еднаш не го освои пехарот. Последен пат успеаа во 2016/2016 предводени од младиот Мбапе, Фалкао и Бернардо Силва.

Претходно до завршницата Монако успеа да дојде во 1993/1994, 1997/1998, 2003/2004.

27 април 2022 - 11:49