За да не се отповарува ако нешто пропушти, Лука има монтирано два телевизори. Едниот синоќа му служеше за кошаркарскиот, а другиот за фудбалскиот тим на Реал Мадрид.
Во Мадрид се калеше како младинец, на 16 години доби привилегија да заигра за првиот тим и само две години подоцна стана европски првак и МВП во Евролигата, што значи љубовта кон Реал Мадрид е разбирлива.
Словенецот се радуваше на победата на кошаркарите на Реал кои славеа над Макаби во Тел Авив и се пласираа во Фајнлфор.
Истовремено уживаше и во прекрасното полуфинале од ЛШ меѓу Манчестер Сити и Реал кое заврши 4:3.
Еден врз друг ги ставил, мангупски. Горе гол, доле кош. Или голш што би рекол еден наш коментатор.