Забивање на сезоната во НБА

Во петтиот меч од плејоф серијата меѓу Мемфис и Минесота, Џа Морант ги водеше Гризлис до триумф 111:109. Најатрактивниот кошаркар сезонава во НБА синоќа постигна 30 поени со 13 скока и 9 асистенции. На крајот од третиот периот Морант тргна во продор а на патот му се најде Малик Бизли кого го залепи на постер.

Џа Морант беше јунак на мечот зошто на 3.7 секунди пред крајот Ентони Едвардс погоди луда тројка за израмнување 109:109, а Морант на точно 1 секунда пред крајот тргна сам во пробив на полагање и поентираше за триумф. 

27 април 2022 - 10:40