Атомски фудбал и невиден спектакл, Сити - Реал 4:3

Фудбалерите на Манчестер Сити и Реал Мадрид го одиграа најдобриот меч во Лига на шампиони сезонава. Прекрасен фудбал, најдобар што светот може да го пружи во моментов. Врвни акции, шанси, потези и голови. Сè е отворено пред реваншот.

МАНЧЕСТЕР СИТИ - РЕАЛ МАДРИД 4:3 (2:1)
/Де Брујне 2', Габриел Жезус 11', Фоден 53', Силва 74' - Бензема 33', 81', Винисиус 55'/

Иако Манчестер Сити пред своите навивачи одигра спектакуларен фудбал, Реал Мадрид по којзнае кој пат покажа дека никогаш не треба да се отпишува.

Во прилог на вечерашниот развој на настаните говори и изјавата на Пеп Гвардиола пред мечот дека Реал Мадрид има играчи кои ни при негатива од три гола не се плашат да ја земат топката и да играат.

Претходно ПСЖ и силниот Челси неколку пати поведуваа со повеќе голови предност против Реал, но „кралскиот тим“ на крајот излегуваше како победник.

Од таа причина не очекува уште еден мегдан за осум дена на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Вечерва во Манчестер на „Етихад“ гол падна после само 93 секунди и тоа е најбрзиот погодок во едно полуфинале на Лига на шампиони во историјата. Отвори капитенот на Сити Кевин Де Брујне невообичаено за него, со глава.

После тој гол се редеа шанси пред двата гола а сите погодоци беа кој од кој поубав.

26 април 2022 - 22:59