Навивач во Бразил се симна на терен да му покажува на голманот како се брани

Обично трчаат на терен или им досаѓаат на играчите за селфи, ама овој е посебен и до толку се изнервира со голманот, што зема да му држи лекции по бранење.

Циркузот ни доаѓа од Серија Д, четврта бразилска лига на натпреварот Санта Круз – АСА, кој заврши 2:1.

По крајот на мечот еден од гостинските навивачи, очигледно незадоволен од перформансот на голманот, се симна на терен и предизвика урнебесни сцени.

Царот се појави со капче и апостолки, како да е на плажа и почна да се фрла и да прави голмански паради, демек чичо ќе ти покаже сега како се брани.

Но голманот не му обрна внимание, а навивачот заработи неколку минутна слава и 1,2 милиони прегледи на Твитер.

На крајот интервенираше полицијата.

26 април 2022 - 13:18