Фудбалскиот клуб Виљареал се појавил во 1923-та година и цели 24 години играле во бели маици и црни шорцеви. За промената во жолта боја има цела една легенда.
Пред сезоната 1947/1948 синот на тогашниот претседател на клубот отишол во Валенсија (оддалечена 60 километри) да бара црно-бела опрема. Се испоставило дека такви дресови веќе нема, дека се продадени и останале само жолти. Синот на сопственикот ги купил и тие им се допаднале на играчите, па жолтата боја станала историска.
*****
Во средина на ’60-те години во Шпанија уште важеле правилата на Франко и националистичките идеи. Многу работи од странство биле отфрлани со цел да се сочува домашното, но стегите полека попуштале благодарение на туристичкиот бум во земјата со благи економски реформи кои создале либерално опкружување на диктаторот Франко.
Покрај тоа, добрата економска благосостојба им овозможила на Шпанците почесто да патуваат во странство и да се запознаат со поинаков начин на живот и современи трендови во странската музика и култура.
Кон крајот на ’50-те години современата култура на Европа и Америка проникнала во Шпанија преку американските бази и трговските пристаништа (Барселона и Валенсија, град покрај кој се наоѓа градот Виља-реал).
Во тоа време светски кралеви на музиката во Европа биле The Beatles. Во Америка и Европа тие продале милиони плочи но во франкова Шпанија само неколку илјади.
Според TeleExpress до јули 1965-та во Барселона секоја недела се продавале само по шестотини плочи од понатата ливерпулска четворка.
Хозе Руиз Мас, автор на студијата „The Beatles во Шпанија“ појаснил дека Битлис до тој момент објавиле 25 албуми така што шесто примероци неделно било многу малку.
Но групата влегла на сите приватни листи во музичките часописи. Например Fonorama во 1964-та ставила пет песни од Битлси во топ 100. Хитот „A hard day's night“ наеднаш дошла на врвот на рејтингот.
На 2 јули 1965-та во Мадрид и ден подоцна на 3 јули во Барселона ливерпулскиот бенд ги имал единствените концерти во Шпанија. Првично менаџерот на групата Брајан Епстајн бил против. И покрај љубителите на бендот во Шпанија, тој не гледал комерцијална шанса во организација на концерти таму. Но го разубедиле 900.000 пезети (5.400 евра по современиот курс) од организаторот.
Има верзија дека и покрај популарноста, Битлси не можеле да соберат полна сала на концертите. Звукот бил ужасен а публиката не реагирала многу динамично на свирката.
Весникот El Alcázar напишал: „За среќа, битломанијата претрпе фијаско“.
Хозе Руис Мас кој ги следел Битлси, рекол дека нема уверливи докази дека власта на Франко направила пропаганда и цензура во борба против странскиот бенд. Поради слабиот одзив во Мадрид, Битлси не заработиле многу, но затоа во полибералната Барселона групата собрала две третини од големиот стадион. Цените на картите оделе од 75 до 400 пезети, од 0,45 до 2,5 евра денес.
The Beatles на некој начин ја пуштиле англофилијата во Шпанија: на шпански радија оделе англиски програми за младиот аудиториум, Англичаните ја монополизирале туристичката индустрија и голем дел од културата на младинските движења во Шпанија официјално неповрзани со режимот на Франко.
Се појавиле нови музички компании (Novola, 1964) и шпански филијали на британската EMI и американските RCA и CBS. Во разни градови веќе се појавиле официјални фан-клубови на The Beatles кои станале мега популарни
КАКО СТИГНАЛЕ ДО ВИЉАРЕАЛ?
Битлси ја покориле Шпанија во 1965-та а веќе во следната 1966-та го објавиле албумот Revolver. Главен сингл од тој албум станала песната Yellow Submarine (Жолта Подморница) која што ја исполнил Ринго Стар.
Набрзо овој хит станал прв на листите во Велика Британија, Канада, Австралија, Нов Зеланд. Во Шпанија била на трето место на листите.
Подемот на овој хит се совпаѓал со успесите на Виљареал. Во сезоната 1966/1967 екипата во жолти дресови се борела за пласман од регионална во трета лига на Шпанија. Пред важниот решавачки меч пред една трибина на култниот стадион El Madrigal на магнитофон ја пуштиле песната Yellow Submarine. Овој хит им се вртел во глава дури и на сите оние кои никогаш не слушнале за Битлси.
Набрзо стигнал и кавер од шпанскиот бенд Los Mustang - хитот Amarillo el Submarino es, amarillo es, amarillo es па сите го пееле и на стадион и надвор од него.
Во Ла Лига, Виљареал стигнал дури во 1998-ма година. Испаднале уште во првата сезона но после се вратиле и се зацврстиле силно во најдобрата шпанска лига. Успесите на теренот ја мотивирале и управата да работи на маркетинг, па во 2001-ва година пуштиле конкурс за најдобар дизајн на маскота. Можеле да учествуваат деца до 15 години од провинцијата Кастељеон. Победил 12-годишниот Хавиер кој ја нацртал маскотата Грога (groc e жолта боја на валенсиски дијалект).
А историјата со The Beatles Виљареал ја зацврстил во сезоната 2015/2016 кога екипата поминала дел од подготовките во Англија а пријателска играле со Евертон во Ливерпул. Пред мечот искористиле шанса да го посетат легендарниот музеј (Cavern - Пештера), клуб во кој почнале да свират The Beatles и каде првпат ги приметил идниот менаџер на групата Брајан Епстајн.
Интересно, во таа сезона Виљареал уште еднаш дошол во Ливерпул, за да го игра полуфиналето на Лига Европа. Но тогаш во април 2016-та за навивачите на Виљареал поважен бил настанот поврзан со судската пресуда дека за трагедијата на стадионот Хилсборо во 1989-та била виновна полицијата а не навивачите на Ливерпул. Ова го чекале со децении, правдата да излезе на виделина.
Навивачите на Виљареал на тој меч се солидаризираа со домашните навивачи и извадија големо прекривно знаме на кое пишуваше:
Сега двата тима се сретнаа повторно и тоа повторно во полуфинале на „Енфилд Роуд“, само сега во најелитното натпреварување Лига на шампиони. И навивачите на Виљареал одново направија симпатичен потег: