Offside

На Баерн Минхен не им треба многу загревање и кога ќе им тргне, не знае човек на што е. Во прво коло го пречекаа Лајпциг и го испратија дома со 6 парчиња. После деби голот во Супер Купот против Штутгарт, Луис Диаз дебитираше со гол и во Бундеслигата, а уште два во прво даде Олисе. Предноста во вториот дел ја дуплираше Хари Кејн со три гола од 64-та до 78-ма минута.

Напредок на хероите на ранг листата на ФИФА

Иако очекувавме повеќе после сензационалниот триумф над Германија, сепак Македонија бележи каков таков скок на најновото рангирање на ФИФА.

Акција за душа на едно незаменливо “кралско“ трио

Друг Реал, други времиња. Помалку трофеен во ЛШ од овој, ама спектакуларен за гледање. Не умираат снимкиве и без разлика за кого навивате, не може да не уживате во играта на овие незаборавни ликови. Зидан - Раул - Роналдо. Едноставно, ама елегантно.

„Со овие дечки од репрезентација би одел во војна, на Европско ќе играме повеќе од три утакмици“

Со секогаш расположениот Рики може да зборувате со саати на различни теми и секогаш да ви биде сè поинтересно. Има животна приказна во него вредна документарец. Тргна од скопскиот асфалт и стигна до фантастични фудбалски висини. До момент Жозе Мурињо да му донесе поклон специјално за него.

Ќе може да се патува на ЕП во Букурешт ама со многу ограничувања

Се искомплицира авантурата на македонските навивачи кои планираат на лице место да ги бодрат Пандев и другарите. Бројот на карти ќе биде многу лимитиран и нема да може да се седи на двата меча кои ги играме во Романија.

Фил полека, на ортопедија заврши човекот

Што ти е младост. Фил Фоден е роден 2000-та. Синоќа ја реши Борусија Дортмунд со гол во 90-та минута, а претходно со еден потег реши двајца. Едниот го легна на земја, а другиот остана на нозе, ама како споменик.

Халанд дај автограм да не јадеш црвен

Е ова го немавме видено до сега. Камерата во тунелот по мечот Манчестер Сити - Борусија Дортмунд го улови линискиот судија како му бара автограм на Халанд. И тоа на картон. Каква апсурдна ситуација досега невидена во Лига на шампиони, па и општо во фудбалот.

Сити се извади на Етихад во 90-та, Реал има ветувачка предност

Фудбалерите на Реал Мадрид го издоминираа Ливерпул и со заслужен триумф од 3:1 ќе патуваат на Енфилд. Ливерпул немаше шут кон гол во прво полувреме. На другиот дуел Манчестер Сити славеше 2:1 во финишот само шест минути откако прими гол.

Генијална асистенција на Крос до Винисиус за водство на Реал

Со головите на Винисиус и Асенсио, Кралевите имаат убаво водство од 2:0 против Ливерпул на првата четвртфинална вечер од ЛШ. Сите во Мадрид зборуваат за топката со очи која Тони Крос му ја даде на Винисиус. Преку цел терен го најде.

Во Загреб вози трамвај во чест на Динамо

Фудбалерите на Динамо Загреб меѓу кои и нашиот Стефан Ристовски, во четврток играат историски дуел во четвртфинале на Лига Европа против шпански Виљареал. Клубот од Максимир реализирал интересна идеја пред овој натпревар.

А го имате ли Панини 92 со Панчев, Најдоски и другарите?

Леле вакви спомени се ова од една незаборавна селекцијата која се најде во албумот, но не заигра на тој турнир. Тие што се родени во раните 80-те и порано знаат за што зборуваме.

Корси: Пандев е инспирација за сите, не можам да ги замислам викендите без него

Создадоа еден интересен микс, талент и дисциплина, како и влијание од европскиот фудбал. Многу способен им е и селекторот Ангеловски. Знаеше како да го сплоти тимот и да создаде свесност. Горан има големо срце и се гледа дека другите го следат и дека им е лидер на еден природен начин.

Најдобрите ќебапи кај Дениз во Лајпциг, десетка со кромид за Тимо Вернер

Новинарот на ЕСПН, Арчи Ринд-Тат кој е специјализиран за германска Бундеслига, раскажа за најпознатата кебапчилница во Лајпциг каде редовно доаѓаат познати фудбалери.

Што направи бе мајсторе, не е ова одбојка?

Немања Илиќ од Тулуз го погреши спортот за момент, ама ништо страшно. Гол е гол. Снаодлив е човекот.

Јута Џез растураше додека не дојде Лука Ел Нињо Маравиља

Екипата на Јута е најдобра во цела НБА лига во моментов. Џезерите имаа дури 9 победи по ред, ама Далас Маверикс предводен од Дончиќ им ја прекина серијата.

Хит твит со посвета за Горан Пандев во Италија

Админите на профилите на Серија А на Твитер и Фејсбук го осетија моментумот да потсетат на човекот кој како вино, како старее сè подобар е.

Кога го пополни бе друже?

Панини треската во Македонија само што почна, а за некој веќе заврши. Скопјанец се пофали дека веќе го пополнил албумот, а во петокот излезе во продажба. Епа давај сега дупликатите :).

Лукаку стана гол машина во Интер, го мина и Бразилецот Роналдо

Интер полека ита кон титулата, а еден од најзаслужните е дефинитивно белгискиот центарфор кој реши еден куп натпревари. Оваа негова статистика со која го засенува „Феноменот“ не е воопшто наивна.

Никола Јокиќ - Крал меѓу центрите за асистенции во НБА

Ако не е Дончиќ, тогаш Јокиќ е и обратно. Во пружање партија за победа и рушење нов рекорд. Многу се јаки, ама и зрели за годините.

Има време ќе ги стигнете

Како што не стигнаа нас Германците.

И селекторот доби своја сликичка во албумот за ЕВРО 2020

На нешто повеќе од 2 месеци до почетокот на Европското првенство, Македонија западна во фудбалска еуфорија, а најмногу благодарение на надреалниот триумф во Германија. Играчите запалија огномет, а искри фрла и албумот со сликички Панини.

Симни го цел натпревар Германија - Македонија

На некој и тоа му текнало. Да ја качи на нет цела, што е ТОП, бидејќи од денеска ќе можете во архива да ја сместите перверзијата која им ја направивме на Германците. Што убаво.

Кајзер Дарко Велковски, командантот на одбраната на Македонија

Фудбалерот на Ријека кој својата кариера ја почна во матичниот клуб Работнички, па преку Вардар замина за Хрватска, веќе неколку сезони стабилно командува со одбраната на нашата селекција. Даре е најзаслужен што многу големи фудбалски ѕверки не успеале да ни постигнат гол.

Најавата на Пандев за Мундијалот 2034

Каков викенд, каков клупски фудбал. Не застанува репрезентативната треска, а хит број 1 е и натаму е Македонија. Пазете сега ова.