Јута Џез растураше додека не дојде Лука Ел Нињо Маравиља

Екипата на Јута е најдобра во цела НБА лига во моментов. Џезерите имаа дури 9 победи по ред, ама Далас Маверикс предводен од Дончиќ им ја прекина серијата.

Мавси славеа 111:103 со 23 постигнати тројки од 49 обиди и тоа против франшизата која сезонава шутира страшни 40% за три поени. Словенечкиот репрезентативец во понеделникот беше прогласен за најдобар играч на неделата во Западната Конференција

Лука против Џез синоќа фрли 31 поен (6 тројки) со 9 скока и 8 асистенции за 36 минути на паркетот.

Ова беше 5-ти триумф по ред за Мавс, најдобра нивна серија сезонава:

6 април 2021 - 10:13