Кога го пополни бе друже?

Панини треската во Македонија само што почна, а за некој веќе заврши. Скопјанец се пофали дека веќе го пополнил албумот, а во петокот излезе во продажба. Епа давај сега дупликатите :).

Коста Димовски по се изгледа е првиот Македонец кој успеа да го пополни албумот со Панини за ЕП 2020, а тоа го стори за четири дена. На Истаграм го прашуваат како успеал, а тој одговара со четири кутии и многу мењање.

Албумот содржи 668 сликици и за прв пат во историјата ќе се игра со 24 репрзентации, претходно беше со 16.

За идеално пополнување ви се потребни 5.344 денари, но тоа значи ако имате среќа да ги замените сите дупликати што е малку веројатно.

Според формулата на британскиот професор Пол Харпер, ако се менувате со десет пријатели, за целосно да го пополните албумот, ќе ви бидат потребни 12.238 денари.

Ако сакате сами да го пополните албумот, без менување, ќе треба да купите 4.731 сликичка или 946 пакетчиња по цена од 40 денари, а тоа се 37.840 денари. 

Селекторите ги нема во албумот, ама затоа го има само Мрме, кој инаку сам отиде да си купи албум. На Стефан Ристовски му се падна Стефан Ристовски.

ЕДИТ:

6 април 2021 - 09:20