Симни го цел натпревар Германија - Македонија

На некој и тоа му текнало. Да ја качи на нет цела, што е ТОП, бидејќи од денеска ќе можете во архива да ја сместите перверзијата која им ја направивме на Германците. Што убаво.

Знаеме дека ги видовте головите и спорните моменти, а пред да ја симнете најдолу на линкот, еве некои моменти што ги забележавме сега на мотање.

Бонбона атмосферата во македонската репрезентација се гледа уште на завршувањето на химната кога сите беа насмеани и расположени, а ги чека 90 минутна битка со Германија, не со Лихтенштајн. Ама така се влегува во меч, а не со тресење нозе.

На 2:35 Рики пее и му доаѓа да прсне од смеа, а потоа се смеат сите фудбалери. Веројатно некоја интерна шега или па некој ги смееше од играчите на клупа. 

Акцијата во 94-та кога Барди му ја украде на Рудигер. Можевте да ги закопаме 1:3. Имавме ситуација 5 на 3 во шеснаесетник. На ова ни текнува.  Почнува на 1:58:20.

На 2:04:37 момците сами на стадион грмат Македонија, Македонија, а во тој момент забележуваме една статистика која ни киднала во тоа лудило. 3:2 за нас било во удари во рамки на гол. Пази против Германија.

На 2:05:19 се слуша поздравот на Ангеловски до ќерките и сопругата која во тие моменти се бореше во болница со Ковид.

Клик ТУКА за да ја симнеш.