- Македонскиот фудбалер Елиф Елмас цело лето е во потрага по нов клуб откако Торино реши дека нема да му го откупи скапиот договор од РБ Лајпциг.
- Шпекулации има повеќе, од преселба во Турција и Англија, но најверојатно нашиот репрезентативец ќе се врати во добро позната средина.
- Како што објавија неколку трансфер-инсајдери, Елмас е пред враќање во редовите на Наполи. Наводно, италијанскиот шампион е подготвен да му плати на Лајпциг 1,5 милиони евра за едногодишна позајмица, а ќе биде вклучена и клаузула за откуп следното лето која би изнесувала 11.5 милиони евра. Но, истата не е задолжителна. Исто така Наполи ќе ја покрива целтата плата на Елмас, која што ја добива од германскиот тим.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.