Корси: Пандев е инспирација за сите, не можам да ги замислам викендите без него

Создадоа еден интересен микс, талент и дисциплина, како и влијание од европскиот фудбал. Многу способен им е и селекторот Ангеловски. Знаеше како да го сплоти тимот и да создаде свесност. Горан има големо срце и се гледа дека другите го следат и дека им е лидер на еден природен начин.

Подвигот за насловна страна на последната пауза наменета за репрезентативен фудбал и припадна на Македонија кој стигна до неочекуван резултат, надвор од сите прогнози. Успеаа да однесат дома 3 бода против Германија, па уште и на гости. Подвигот го направија на меч кој тежи, во квалификации за Светско, а тоа не можеше да помине без да биде запишан како стрелец, легендата Горан Пандев.

Ова е најавата на италијанскиот сајт Minutidirecupero.it пред да го почне интервјуто со агентот на Пандев, Леонардо Корси. Човек кој 18 години е заедно со Горан и кој нема храброст да го праша, тоа што сите го прашуваат овие денови него. До кога ќе игра?

Леонардо, како што изгледа на 38 години може уште да ја воодушевува и возбудува публиката?

Обично не давам интервју, но ова е посебен ден. Македонија ја победи Германија на нивни терен и ја продолжува битката за Светско. Се работи за уште еден подвиг на еден тим кој многу созреа, како и цело македонско фудбалско движење. Македонија е репрезентација родена во 90-те и пред сè млада од политички аспект. Откако бев таму во 2003-та фудбалски одат напред. Пандев даде посебен придонес, а покрај него се роди многу силен тим.

Која е тајната на Македонија според тебе?

Има искусни играчи како Горан и Несторовски, но нив им се придружија младинци кои веќе со У-21 остварија добри резултати, како Ристовски кој исто така е мој играч, но и како Барди, Николов и се разбира и Елмас меѓу другите. Создадоа еден интересен микс, талент и дисциплина, како и влијание од европскиот фудбал. Елмас замина млад во Фенербахче и потоа во Наполи, Ристовски се калеше во Италија, потоа во Ријека, стигна до Спортинг каде играше четири години и сега е во Динамо Загреб. Се работи за талентирани играчи кои во силните првенства можеа да зреат. Исто така многу способен им е и селекторот Ангеловски. Знаеше како да го сплоти тимот и да создаде свесност. Резултатите покажуваат дека Македонија не ги крие апетитите. Откако го остварија Европското, нормално е да дадат сè за да се квалификуваат на Светско.

Пандев како Ибра, лидер кој влијае во колективот на терен и надвор од него?

Горан Пандев го означи стартот на патот инспирирајќи ги генерациите да го следат. Лека полека Горан, со кој сум многу поврзан и агент сум му од 2003-та со Палавичино и Бранкини стана вистински лидер. Кажува малку зборови кои му се насочени, има големо срце и се гледа дека другите го следат и дека им е лидер на еден природен начин. Мечот против Германија е воодушевувачки, но вистинскиот подвиг е пласманот на Европско првенство.

До кога ќе игра Горан?

Периодов сите ми го поставуваат ова прашање, а јас немам храброст да му го поставам. Не знам како би изгледал фудбалот без Пандев, ме возбудува кога го гледам како игра. Заедно израснавме, тој на терен, јас во мојата професија. Ме одбра за агент кој не бев никој, 18 години остана со мене и постои взаемно почитување. Не можам да ги замислам викендите без него, се надевам дека ќе игра уште една година и ќе се бори во квалификациите за СП.

Може ли Македонија и до тој подвиг?

Се работи за тим кој сее страв, не се предаваат. Првиот сон го остварија. Од тоа што јас го знам, Горан ќе ги трампаше сите клупски трофеи во кариерата само за пласман на Европско. Задоволството кое му го даде на својот народ е огромно и многу му значи. Тој, како и сите македонци, многу се врзани за својата земја. Исто така и во Италија му е многу убаво, секаде е сакан и тоа е нешто кое постојано ми го повторуваат луѓе. Секаде што играше им остави убаво сеќавања и на терен и надвор.

Голем играч, а пред се голем човек, Горан секогаш прави големи работи без многу врева и секогаш е спремен и сега на 38 години.

Со мојот пријател Фабрицио Паданиа од Кориере во времето во Лацио често зборувавме за квалитетите на Пандев. А како квалитет би го ставил исто така и неговиот карактер кој е од суштинско значење. Тој секогаш се бори за резултат. Се работи за цврст човек, а тоа се забележува во начинот на игра. Интелигентен е и прагматичен. Прави игра и повеќе асистира отколку што шутира. Има вонсериски технички квалитети и кога ќе престане ќе биде тешко, затоа би сакал да игра уште една година. Јас сум негов голем почитувач и секогаш ќе бидам. Пандев има сè и тоа му дозволува да игра уште на таа возраст. Да се надеваме дека ова нема да му биде последна сезона.

6 април 2021 - 12:59