Капитенот на македонската репрезентација (38) е многу почитуван на Апенините. Горан речиси цела своја кариера ја мина таму, во Италија каде стана еден од најдобрите 5 странци кои некогаш играле во елитната Серија А.
Гоче почна во Интер, па Специја, па во Анкона, Лацио, пак во Интер, Наполи и сега во Џенова. Тој е прав симбол на нашата земја која што ја промовира на најдобар можен начин.
Луѓето кои го водат Твитер налогот на Серија А кој има преку 309.000 следбеници објави пост во чест на Пандев.
Различни дресови ама секогаш голови и цврстина:
Maglie diverse, ma sempre gol e sostanza ⚽️🎯#SerieATIM #WeAreCalcio pic.twitter.com/Cfbg0q0a8S
— Lega Serie A (@SerieA) April 5, 2021
Капитенот досега во Серија А одиграл неверојатни 465 натпревари, постигна 98 гола и 55 асистенции. Во кој клуб и да настапуваше, остави голема трага, за што сведочи и неодамнешната изјава на Александар Коларов кој раскажа дека кога како млад дошол во Лацио најмногу му помогнал Пандев како на терен така и надвор од него.