Кајзер Дарко Велковски, командантот на одбраната на Македонија

Фудбалерот на Ријека кој својата кариера ја почна во матичниот клуб Работнички, па преку Вардар замина за Хрватска, веќе неколку сезони стабилно командува со одбраната на нашата селекција. Даре е најзаслужен што многу големи фудбалски ѕверки не успеале да ни постигнат гол.

Во историскиот триумф против Германија, стоперот Велковски одигра маестрален меч за што некои германски медиуми го прозваа „Кајзер“ (по прекарот на Франц Бекенбауер). За Дарко веќе имало заинтересирани клубови од Бундеслига, а неговиот договор со Ријека истекува во јуни годинава.

5 април 2021 - 10:56