Момците на Антонио Конте му бегаат +12 на бранителот на титулата, на Милан +8, на Аталанта +10, со тоа што од последниве две екипи имаат натпревар помалку.
Една од причините за тоа што се блиску до рушењето на феноменалната серија на Јувентус од 9 Скудета по ред е тоа што ги погодија трансферите, особено во напад.
Ромелу Лукаку во Италија игра како препороден и во моментов има постигнато 18 голови повеќе отколку на Олд Трафорд за ист период од две сезони, со тоа што оваа не е завршена.
Белгиецот на своето конто има 60 гола и 13 асистенции, а Роналдо за Интер запиша 59 гола и 12 асистенции.
Една работа е што може да се пофали дека ја поминал бразилската легенда, а друга тоа што го направи за 13 натпревари помалку. Роналдо до таа бројка стигна со 99 настапи, а Лукаку со 86. Навистина моќна статистика.
Заедничко е тоа што и двајцата дебитирале првата сезона за Интер со по 34 погодоци, а на Роналдо му требале пет сезони да стигне до бројка која Лукаку ја оствари за нецели две сезони. Рака на срце Бразилецот имаше операции на коленото и долго време го немаше на терен.
Освен чувството за гол и големиот процент на реализација, Лукаку е човек кој целосно ја држи играта на Интер. Тој асистира, проигрува и влече на себе играчи кои џабе го гураат кога како бик се пробива во шеснаесетник.
Плус престана да јаде пица со ананас.