Offside

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд одиграа натпревар со 5 гола од кои 3 паднаа во судиско и донесоа драма. Следува пеколно полуфинале. Кралевите на мегдан со европскиот првак.

Рогачката

Гремио го совлада Сао Пауло со 3:0, а во 95-та минута се случи контра напад кој практично заврши уште на центарот на игралиштето. Фудбалерот по име Џоната Роберт ја издува душмански и во еден момент топката ја снема од кадар.

Сони 1 - Носталгија од некое поубаво време

На денешен ден, 3. декември во 1994-та година јапонскиот гигант Sony за првпат го пушти во продажба првото издание на PlayStation. Ова беше прва конзола од серијата и влезе во игра како голем конкурент на моќните Sega и Nintendo. 27 години подоцна светот е многу изменет но секогаш ќе се сеќава на првото издание на Сони Плејстејшн.

Несекојдневен и многу симпатичен маалски потег во турски фудбал

Во рамки од купот на Турција, Коњаспор го совлада Ванспор со 3-1. Многу чуден момент се случи во 34’ минута од мечот. Домаќинот повел со 1-0 од автогол, ама неферски додека нивен играч почнал да цупка повреден по теренот а гостите застанале за да му се укаже лекарска интервенција. Судијата ферски ги убеди домашните да им пуштат гол на гостите кога ќе тргнат од центар.

Блескавата партија на Анте Кудуз кој со 9 од 9 го торпедираше Кил

И покрај тоа што си заминаа поразени, вардарци одиграа добар натпревар против фаворитот Кил, а најсветла точна на паркетот беше Анте Кудуз. Левиот хрватски бек гаѓаше беспрекорно во Германија и оствари фантастичен 100% учинок 9/9.

Лудило во градот во Бразил кој 50 години чекаше титула, ја освоија после голем пресврт

Бело Хоризонте помина ноќ во транс. Голем симбол на овој шести по големина град во Бразил со население од околу 2,7 милиони жители е фудбалскиот клуб Атлетико Минеиро (Clube Atlético Mineiro).

Пукна рекордна историска победа во НБА од 73 поени разлика

3 декември 2021-ва ќе остане датум за паметење во најсилната кошаркарска лига во светот. Кошаркарите на Мемфис Гризлис ја посрамотија Оклахома Сити Тандер со до сега невидена победа од 152:79.

Бисер на Јувентус и внук на Шекуларац би можел да заигра за Македонија

Македонската фудбалска федерација активно работи на идејата да ја засили најдобрата селекција во иднина. Кристиан Шекуларац и Албијан Хајдари се едни од имињата кои би можеле да се најдат на некој од следните списоци на селекторот Благоја Милески.

Голман, гледај сега како ќе те уништам

Се вика Хосеин Хајеби, потекнува од Иран, а игра футсал за Бенфика. Со вакви наследници Рикардињо може да биде мирен во пензија. Погледнете само колку беше фасциниран тој од негова што му ја подаде.

Кристијано Роналдо ги прослави 800-от и 801-от гол во кариерата пред најсаканите навивачи

Кристијано Роналдо во голем стил го реши големото дерби Манчестер Јунајтед - Арсенал. Постигна два гола со кои стигна до уште еден висок врв во кариерата: јубилеен 800. погодок и набрзо после него и 801-от гол во неговата биографија на официјални натпревари.

Нови вредни акции на Спорт лајф

Играчите со најмногу тикети со еден промашен натпревар според правилата на „Втора кеш шанса“ ги очекуваат вредни подароци.

Фасцинантен момент од дербито Пелистер - Вардар

Само 7 секунди од мак фудбалот се доволни за да ви го направат денот, не треба повеќе. Пелистер и Вардар требаше да играат на Тумбе кафе во рамките на Купот на Македонија, ама кога судијата го проба теренот дали има услови за игра, се случи врвот на годината во мак фудбалот.

Чудниот гол кој го прими Манчестер Јунајтед

Убаво дерби одиграа Манчестер Јунајтед и Арсенал со 5 гола и победа на домаќините од 3:2. Мечот го отворија гостите преку Емил Смит Роу во 13 минута по една глупава ситуација. Фред успеа да си го повреди голманот, па на ударот немаше кој да се фрли.

Молдавска комична фудбалска сцена

Верувале или не, Шериф Тираспол (41 бод) со сите тие силни Јужно-американци и Африканци во тимот кои го урнаа големиот Реал Мадрид, во домашното првенство е втор зад Петрокуб (42 бода) против кого играа денес. Ама Шериф има 3 меча помалку. А видеово во прилог е комична сцена од тој дуел.

Не е за смеење Салах, за плачење е, во право си

Човекот игра пар сезони во транс. Нема терен ни стадион каде не е најдобар. Буквално растура во Премиер лига (убедливо прв стрелец во моментов со 13 гола и 8 асистенции). И паметњаковичи новинари од цел свет го избрале пазете, на 7-мо место во трката за Златна топка.

Пиротехничко шоу во Холандија на тренинг кој се одржа во 5 сабајле

Не е тоа адекватно време ни за бурек, ни за чорба, ни за ништо, освен за сон. Ама Холандија е тоа, скроз друг менталитет. Од 5 рекле, од 5 ќе тренираме.

Што мајка ти?

Се работи за средношколски натпревар во САД на кој се тврди дека цело време мајка му пцуел и не бирал зборови.

Како се анулира предност од 4 гола во ракомет за 100 секунди?

И две децении подоцна, асоцијација за пресврт во фудбал ни е тоа што му го направи Манчестер Јунајтед на Баерн во финалето на ЛШ. За ракомет таков пример ќе биде овој од Полска.

Во Германија пак затвораат стадиони поради новиот сој, Дортмунд вратил 67.000 купени карти

Сè погласно се зборува дека фудбалот одново може да остане без навивачи - новиот сој на коронавирусот тн. омикрон силно влијае на посетеноста на спортските настани во некои земји.

Како се вика Македонија на шпански?

Женската ракометна репрезентација на Македонија не се квалификуваше на Светското првенство во Шпанија, но сепак ќе има еден претставник, а тоа е Драган Начевски во улога на делегат. Слушнете како го најавија на отворањето на мечот Шпанија - Аргентина. Чиста 10-ка за домаќинот уште на старт.

Во Премиер лига пак имаше прекин поради срцев удар на навивач, Вотфорд и Челси реагираа присебно

Во месец и половина, втор случај со срцев напад кај навивач на трибините и по брза реакција на лекарските служби, сè се завршило добро.

Јанис Антетокумпо во епизодата подржи пивово

Актуелниот шампион Милвоки Бакс, предводен од неверојатниот МВП Јанис Антетокумпо во многу драматична завршница го совлада Шарлот Хорнетс 127-125. На 5 секунди ЛеМело Бол од Шарлот гаѓа луда тројка од 10 метри за 125-125 и Хорнетс веруваа дека осигурале продолженија. Тогаш топката ја зема Јанис.

Гвардиола во чудо по голот на Силва

Манчестер Сити го преброди тешкото гостување во Бирмингем кај Астон Вила и славеше победа 1-2 за важни три бода во трката за врвот. Шампионот одигра прекрасен фудбал и уште во првиот дел два пати го совлада домашниот голман. Чудесен беше вториот погодок, дело на Португалецот Бернардо Силва кој ќе конкурира за најубав гол на месец декември.

Две нови епски промашувања на празен гол

Ентони Нвакаеме не си сам. Во конкуренција за промашување на годинава ти се приклучија уште двајца. Каспер Долберг од Ница на мечот против ПСЖ и еден цреп од Канада. Неверојатни утки.

Винисиус си ги игра како сака

Пак ќе кажеме дека Европа е полна со јаки од генерацијата 2000-та. Винисиус игра веќе четврта сезона на Бернабе, каде одлично се кали. Сезонава му е најдобра на голгетерски план со 11 комада на 20 средби, ама и кога не дава голови е спектакл за гледање. Мечот со Атлетик го реши Бензема, а Бразилецот ги шина Баскијците.