Лудило во градот во Бразил кој 50 години чекаше титула, ја освоија после голем пресврт

Бело Хоризонте помина ноќ во транс. Голем симбол на овој шести по големина град во Бразил со население од околу 2,7 милиони жители е фудбалскиот клуб Атлетико Минеиро (Clube Atlético Mineiro).

Основан пред 113 години, во 1908 година, Атлетико Минеиро од 1965-та година игра на стадионот „Минеирао“ кој има капацитет од 61.846 места а на него играат и Крузеиро и понекогаш репрезентацијата на Бразил.

Навивачите на Атлетико Минеиро цели 50 години сонуваа титула во најдобрата бразилска лига Бразилеиро. Прв и последен пат на шампионски трофеј се радувале во 1971-ва година, така што сега во декември 2021-ва урнебесно го прославија шампионскиот триумф на нивните миленици.

Интересно, Атлетико Минеиро на 2 кола пред крајот ја обезбеди шампионската титула. Играа на гости против Баија, клуб кој грчевито и опасно се бори за опстанок во лигата. Во овој дуел Баија влезе со 40 бода на 17 место, прво под линијата која води во втора лига.

А Атлетико Минеиро како лидер на табелата имаше 78 бода пред второпласираниот Фламенго кој има 70. Со победа А. Минеиро ја обезбедуваше и теоретски титулата.

Но на прекрасниот стадион Итаипава Арена Фонте Нова изграден во 2013-та за потребите на Светско првенство 2014, пред речиси 45.000 гледачи, Баија во само четири минути стигна до неверојатно водство од 2-0 со головите на Луиз Отавио во 62’ и Жилберто во 66’. Стадионот се тресеше од песна на домашните навивачи кои веруваа дека три бода ќе им донесат место во сигурната зона.

Кога цел Бразил очекувал триумф на Баија, следеше неверојатен пресврт на гостите. Рафалот почна во 72’ минута кога ветеранот Хулк од пенал намали на 2-1. Само неколку секунди подоцна, во 74’ минута Кено израмни на 2-2 за да во 77’ минута истиот играч ги постави конечнит 2-3 со прекрасен гол од дистанца.

Судијата даде 6 минути продолжение, Атлетико Минеиро издржа, ја сочува предноста и на крај почна големото славје на тернеот во Салвадор, но и дома во Бело Хоризонте каде се славело цела ноќ со тони пиротехника:

Луд меч:

Прва титула од 1971. Најзаслужен за неа е легендарниот шпиц Хулк со 18 гола и 7 асистенции.

Еуфорични прослави во Бело Хоризонте:

3 декември 2021 - 10:27