Новиот сој на коронавирусот почна да крева паники и додека во некои држави дозволуваат стадионите да бидат фул, други креваат рачна и полека се движат накај старите мерки.
Во холандскиот фудбал тие се малку чудни, барем во аматерска конкуренција, каде воведоа ново правило кое гласи вака: На сите спортски здруженија им е забрането да имаат активности меѓу 5 часот попладне и 5 часот наутро.
Квик Бојс од Катвијк одлучи да ја почитува мерката и да одржи тренинг во 5 сабајле. Тренинг зад затворени врати?
Не, туку тренинг со навивачи кој направија спектакл.
„Убаво нели, рекол тренерот додека ги гледал. Иако мојата сопруга вели дека не сум баш добар сабајлево“.
„Штом си на терен, веќе забораваш на времето и покрај тоа што е во поинакво време од вообичаеното“, му одговориле.
Овие мерки претставуваат проблем за аматерските клубови, бидејќи редовните вечерни тренинзи се принудени да ги преместат за во текот на денот, тогаш кога нивните играчи се на работа или во школо.