Кристијано Роналдо ги прослави 800-от и 801-от гол во кариерата пред најсаканите навивачи

Кристијано Роналдо во голем стил го реши големото дерби Манчестер Јунајтед - Арсенал. Постигна два гола со кои стигна до уште еден висок врв во кариерата: јубилеен 800. погодок и набрзо после него и 801-от гол во неговата биографија на официјални натпревари.

За овој подвиг од 800 и 801 гол на Португалецот му требаа 20 години, а нам би ни требале најмалку 20 минути за да ги спомнеме сите екипи и репрезентации против кои давал голови. 165 се на број.

Кристијано Роналдо стана првиот играч во историјата на кој му тргнало од нога да постигне 801 гол на официјални натпревари.

Јубилејниот 800-ти на мечот Ман. Јунајтед - Арсенал:

И 801-от:

Капитенот на Португалија кој го чека бараж за пласман на Светско првенство во април (полуфинале против Турција, евентуално финале против Македонија или Италија), сезонава веќе има 16 гола: 6 во Премиер лига, 6 во Лига на шампиони и 4 за Португалија.

Од сите 801 гол, Роналдо најмногу погодоци му дал на фантастичниот словенечки голман Јан Облак: дури 11. По 10 пати ги матирал Џиџи Буфон, Мануел Ноер и Тибо Куртоа. Давид Де Хеа 8 пати ја вадел топката од својата мрежа по шут на Роналдо, колку и Уго Лорис и Виктор Валдес. 4 гола од него примиле Марк-Андре Тер Штеген и Џанлуиџи Донарума а 3 Петр Чех.

Најомилени ривалски екипи му се: Севиља (27 гола), Атлетико Мадрид (25), Хетафе (23), Барселона (20), Селта (20), Атлетик Билбао (17), Малага (17), Валенсија, Реал Сосиедад, Еспањол (15), Тотенхем (11), Рома и Јувентус (10), Астон Вила, Баерн Минхен, Ајакс и репрезентацијата на Луксембург (9).

Во кариерата најмногу голови по нивна асистенција Роналдо прославил со: Карим Бензема (44 асистенции), Гарет Бејл (29), Месут Озил (26), Марсело (23), Гигс (19), Игуаин (16), Иско (16), Модриќ (14), Карвахал (12).

Статистички, Роналдо најмногу (194!) гола дал од 76’ до 90+’ минута. 130 погодоци постигнал од 61’-75’ минута, 120 гола од 46’-60’, 126 гола од 31’-45’, 125 гола од 16’-30’, 100 гола од 1’ до 15’ минута.

НЕКОИ ОД МНОГУТЕ РЕКОРДИ ВО КАРИЕРАТА НА РОНАЛДО:

- Најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид
- 450 погодоци за „кралскиот клуб“
- Најдобар стрелец во историјата на Лига на шампиони
- 130 гола за Манчестер Јунаајтед
- Најдобар стрелец во историјата на репрезентации (115 гола за Португалија)
- Најдобар стрелец во историјата на европски првенства
- 101 гол за Јувентус
- Најдобар стрелец во плејоф/нокаут фаза во Лига на шампиони

3 декември 2021 - 09:02