Се работи за прволигашка средба на која Квидзин го пречекува дома Тарнов. Натпревар на кој не би требало да постои никаква дилема на минута и пол до крај, кога е во прашање победникот.
Гостите во тој момент имаа +4. За кошарка на пример тоа време е цела вечност за играње, бидејќи има простор за тројки, фаули, слободни фрлања, тајмаути и сл. Но на ракометен меч, не сме виделе до сега некој да се врати по таква негатива во финишот.
Гостите на 1 минута и 40 секунди даваат гол за 24:28, а стрелецот среќен и задоволен верува дека тука е крајот. Потоа грешат сè до крај и целосно се блокираат, а на другата страна домаќините одат во јуриш во секој напад. Како оси им се сипаа. Резултатот се движи вака:
58:20 минути - 24:28
58:30 минути - 25:28
59:07 минути - 26:28
59:38 минути - 27:28
60:00 минути - 28:28
Што се случи по истекот на регуларните 60 минути? Тоа што треба за приказнава да има поента. Во Полска не може ракометен натпревар да заврши нерешено. Домаќините слават на пенали со 33:31.