Во Германија веќе ги затвораат трибините па така на 4 декември (сабота) големото дерби Борусија Дортмунд - Баерн Минхен ќе се игра на пуст стадион.
Борусија Дортмунд веќе вратила 67.000 продадени влезници за мечот. Ова била максимална посета при глобална пандемија, зошто без ограничувања стадионот „Сигнал Идуна Парк“ собира 81.000 гледачи.
Клубот излезе со соопштение: „Во следните денови очекуваме намалување на посетеноста и тоа е поврзано со пандемијата. Секој сопственик на карта ќе ги добие парите назад“.
Но ова не е конечна одлука зошто клубот ветил дека ќе пушти нова продажба на карти но само доколку властите во Северна Рајна Вестфалија ги регулираат на време прашањата за допуштање ограничен капацитет гледачи на стадионите.
За споредба, мерки презеле во Баварија и тоа на официјално ниво. За тоа објавил премиерот на овој регион Маркус Едер: „Ова решение не важи на федерално ниво, туку го воведуваме само во Баварија. Голема раздвиженост и патувања во ова време не се оправдани. Фудбалот е одличен пример за следење. Сега треба да ги скратиме контактите насекаде“, рекол Маркус Едер.
Во најбогатиот реон на Германија, Баварија, играат три клуба од Бундеслига: Баерн, Аугзбуг и Гројтер Фурт.
Исто гледачи нема да пуштаат ни на стадионите во Саксонија (РБ Лајпциг) и во Баден Виртемберг (ограничувања ќе има за три клубови - Штутгарт, Хофенхајм и Фрајбург).
Во некои германски земји има сериозен раст на нови позитивни случаи, а во Саксонија е највисоката стапка на заразени во цела земја за последната недела. „Новиот сој вирус, влошување на ситуацијата во одделенијата за интензивна терапија во многу региони продолжува и натаму и не забавува експоненционалниот раст на заболувања. Неопходно е брзо да се реагира“, објаснил премиерот на Баден Виртемберг Арне Браун.
Многу клубови сега ќе зависат од одлуките на регионалните власти. Во Северна Рајна-Вестфалија има дури шест бундеслигаши: Дортмунд, Борусија Менхенгладбах, Баер Леверкузен, Келн, Арминија Билефелд и Бохум.
Дури 13 клубови од 18 во Бундеслига би можеле од сабота па натаму, пак да играат на празни стадиони.