Гвардиола во чудо по голот на Силва

Манчестер Сити го преброди тешкото гостување во Бирмингем кај Астон Вила и славеше победа 1-2 за важни три бода во трката за врвот. Шампионот одигра прекрасен фудбал и уште во првиот дел два пати го совлада домашниот голман. Чудесен беше вториот погодок, дело на Португалецот Бернардо Силва кој ќе конкурира за најубав гол на месец декември.

„Тој е стварно најдобар. Тој беше најдобар пред две или три сезони. И тогаш беше најдобар. Има посебна способност да прави што сака со топката. Против добар голман тоа беше фантастична завршница. Мора да се вратите кога освоивме со 98 поени, прегледајте ги видеата, ќе го видите истиот играч како сега“, изјави Пеп Гвардиола.

2 декември 2021 - 09:18