Offside

Некогаш овој клуб беше еден од бројните клубови од данската Суперлига, а денес е синоним за развој на големи таленти во светскиот фудбал. Додека европските великани трошат десетици и стотици милиони евра на засилувања, Нордсјеланд изградил модел кој им носи огромен профит а секоја година имаат нова спремна генерација.

Соло мајсторија на Кварцхелија, ја измести цела одбрана на Аталанта

Наполитанците експресно брзо се кренаа после поразот дома од Лацио пред пет дена. Имаат водство против Аталанта од 1:0, со голот на Кварацхелија во 60 минута. Грузиецот ги понижи дефанзивците и ги прати по цигари. Вкупно седум играчи го заобиколија.

Во салата Расадник да не влезе човек

Спортскиот храм во срцето на Кисела Вода каде некогаш се играа врвна одбојка, кошарка и ракомет и каде Вардар Ватростална со Пепи Манасков освојуваше титули, повеќе не личи на сала. Распад систем е внатре, а срамните кадри ги сними спортскиот новинар Мијалче Дургутов. Како 200 вакви да имаме, па е тешко да ги одржуваме. Бојлер има на влез.

Играл на Светско првенство, а сега проси на улица

По сторијата за Предраг Спасиќ кој иако играл во Реал Мадрид па банкротирал и сега раскажа дека живее многу тешко, слична вест стигна и за поранешен репрезентативец на Канада.

Го видовте ли проектилот на Фитиљ од 10 метри?

Младите избраници на Лазаров синоќа го подобрија малку впечатокот после она сивило на Светското, кое беше мачно за гледање. На моменти се носеа добро со фаворитот Португалија, а на средина од вториот дел се изборија и за пресврт, кој го запечати Кузмановски со бомба.

Две милијарди потрошени за тим како за Плејстејшн кој на терен разочарува

180 милиони евра за Мбапе, потоа нови 630 милиони бруто за нов тригодишен договор со невидени привилегии. 222 милиони за Нејмар, плус Меси го купија. ПСЖ е опседнат со големи имиња, заборавајќи ги основните принцини во фудбалот. Дека тоа е спорт кој се игра со тим.

Да го видиш Жорж Веа на 56 години

Не за џабе ден-денес е единствен фудбалер од Африка кој добил „Златна топка“ за најдобар играч на светот. Претседателот на Либерија и легенда на Милан, Жорж Веа чиј син настапува за репрезентацијата на САД, на свои 56 години покажа дека класата е вечна.

25 години од легендарниот прес на Трапатони во Баерн

Џовани Трапатони (83) е една од најголемите тренерски легенди и еден од петмината со трофеи во четири земји (Италија, Германија, Португалија и Австрија). Во два наврати го водеше Баерн со кој има три трофеи. Има една незаборавна прес конференција на која со лоша граматика и полн со емоции, ги критикуваше перформансите на своите играчи. Онака ултра темпераментно и бесно. Кога заврши, не дозволи ни прашања. Си отиде лут.

Ви текнува на Фелипо Мело и Видал? Ене ги во Бразил уште се тепаат

Фелипе Мело кој некогаш играше за Фиорентина, Јувентус, Интер, Мајорка, Палмеирас, Галатасарај и други бразилски клубови, има 38 години. Сега е член на лидерот во бразилското првенство Кариока Серија А, Флуминенсе. На дербито со Фламенго на гости синоќа влегол во 88’ минута а во 89-та добил директен црвен картон зошто направил гужва по еден фаул врз негов соиграч.

Какво голчиште ќе беше ова на 10-та на Фиорентина

Фиорентина имаше многу шанси, но искористи само една во првиот дуел од 1/8 финале на Лига Конференции со турски Сиваспор. „Виолетовите“ од Фиренца победија 1-0 со голот на Чехот Барак, а малку фалеше нивниот најдобар играч, бројот 10, Гаетано Кастровили да го даде голот на сезоната и да добие награда „Пушкаш“ пред време.

Тричковски и АЕК поразени од Вест Хем, Антонио им даде ефектен гол

Во првиот меч од 1/8 финале на Лига Конференции, премиерлигашот Вест Хем лесно се справи на Кипар со АЕК Ларнака и славеше победа 0-2. Двата гола ги даде шпицот Микаел Антонио во првиот дел. Вториот вреди да се погледне повеќе пати. Тричковски влезе во игра во 77’ минута од клупата. Реваншот во Лондон е за една недела.

Да не те дофати шпанска жандармерија

Престолнината на Андалузија, Севиља, со оглед на тоа што и Бетис и Севиља редовно секоја година играат во еврокупови, а во овој град често се одржуваат и финалиња организирани од УЕФА, редовно е поприште на навивачки пресметки. Синоќа за време на мечот Севиља - Фенербахче од 1/8 финале на Лига Европа, турските навивачи ја почуствуваа бруталноста на шпанските жандарми.

Мајсторија на Антони, голманот не мрдна

Манчестер Јунајтед се рехабилитираше од понижувањето против Ливерпул со триумф од 4:1 над Бетис во првата осминафинална пресметка од Лига Европа. Потегот на мечот на Олд Трафорд го имаше Бразилецот Антони кој постигна прекрасен погодок.

Србија ја урна Норвешка со лудачки проектил во последна секунда

Најголемото изненадување во 3. квалификацико коло за ЕП 2024 се случи во Нови Сад, каде Србите го совладаа фаворитот Норвешка со 25:24. Урош Борзаш, кој е член на Елверум ја опали за сите пари за спектакуларен финиш во Нови Сад.

Потег на Роналдо до сега невиден во арапскиот свет

Ал Наср го загуби дербито во Саудиска Арабија на гости од Ал Итихад со 1:0, а со тоа остана и без лидерската позиција во групата. Кристијано Роналдо имаше пас за ежење, а потоа фрустриран од поразот им го истури бесот на шишињата.

Солиден настап на децата на Кире, Македонија достојно загуби од Португалија

Македонската ракометна репрезентација живна после очајното Светско и со добра игра, на моменти со осцилации, му пружи голем отпор на фаворитот Португалија во третото квалификациско коло за ЕП 2024.

Темелковски: На СП 2009 одигравме 11 меча без одмор, Кире симна 7 кила

„Кога отидов во Вардар во населбата Пролет изби револуција. Икиќ отишол во Вардар. Ѓубре, ваков, таков, како не му е срам, најголем душман ни е Вардар, тој отишол таму. Во сандаче наоѓав по 50 писма од навивачи. Тоа беше невиден притисок, не можев да го издржам и се вратив во Пролет“.

Совети како да се преживее удар од Тајсон

Мајк Тајсон не случајно го имаше прекарот „Железниот“, затоа што неговиот удар бил силен како удар со туч. Противниците издржуваа јадните по некоја рунда со него, додека не влезеше како мелница да ги меле во некое ќоше од рингот. Сега во САД снимиле видео со совети како да преживееш удар од Тајсон. Хм?

11-ти неуспешен обид на ПСЖ под шеиците да освои ЛШ

Пари Сен Жермен одново нема да го освои најсаканиот трофеј, оној од Лига на шампиони кои навивачите и овој клуб го сонуваат со децении. Тимот предводен од Криштоф Галтие загуби и на двата меча со Баерн Минхен и испадна во 1/8 финале.

Шон Кемп снимен како пука со пиштол, полицијата веднаш го уапсила

Легендарниот кошаркар на Сиетл Суперсоникс е фатен жив како вади пиштол и пука пред трговски центар. Се соочува со затворска казна.

Ако видиш гужва сине, тргни се настрана

Џејк Пол е 26-годишен Американец кој станал познат по емисии на Јутјуб и другите социјални мрежи. Во еден момент почнува да снима и рап-музика, а во 2018-та решава да се проба во боксот. Во декември 2019-та го имаше професионалното боксерско деби. Остварил неколку победи во рингот и станал уште попознат.

Ако си 216 см висок, дојди ми еден на еден да ти каже чичо

Лос Анџелес Клиперс го доби Торонто со 108:100, а Кави Леонард го залепи Јакоб Поелтл на постер.