Златан Ибрахимовиќ пристигна во Милано на 27 декември 2019-та како слободен агент од Лос Анџелес Галакси, но покрај годините со кои ретко кој игра во напад и проблемите со повреди, остана верен три и пол години.
Стана прв стрелец во четири различни декади (1990, 2000, 2010, 2020), најстар стрелец во историјата на миланското дерби, прв стрелец со по 50 гола за двете екипи од Милано, најстар стрелец во историјата на Серија А со минимум 10 сезонски голови, стигна до 500 голови во кариерата...
Но сè се тоа само рекорди кои ги редеше. Најважното е што во клубот ја врати вербата и им помогна на сите да веруваат дека со пожртвуваност, самодоверба и работа можат да станат тим кој ќе направи резултати.
Едноставно ја убеди соблекувалната дека на сцената може да се врати големиот Милан. Ги подучи младите како треба да се однесуваат кон боите на клубот и не случајно 19 години помладиот Сандро Тонали плачеше за него.
Откако клубот минуваше низ мачни 11 години, промашуваше трансфери, менуваше тренери, не можеше да се врати во ЛШ и го бараше идентитетот, со помош на знаењето, карактерот и авторитетот на Златан се случи следново:
ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ
- 78 натпревари
- 37 гола
- 11 асистенции
- Гол на секој 99 минути
МИЛАН
- Скудето
- Три пласмани во Лига на шампиони
- Полуфинале во Лига на шампиони
Zlatan Ibrahimovic in his second Milan stint (Jan.2020-2023): 🔴⚫️
— Complaxes (@Complaxes) June 3, 2023
78 Matches
37 Goals
11 Assists
Involved in a goal every 99 mins
When he came, Milan didn’t even play Euro League. Now he leaves at almost 42 years with this:
3x CL quali
1x CL-semi final
1x Scudetto 🏆
👑 pic.twitter.com/qGksmPzM7k
Rafael Leão ran straight to Zlatan Ibrahimović to celebrate his final goal of the season ❤️ pic.twitter.com/HQbiMmHwMS
— ESPN FC (@ESPNFC) June 5, 2023
Тежок избор: да ги одбереш најубавите Топ10 голови во кариерата на Златан