Колективна тага на Сан Сиро

По 988 меча, 573 гола и 32 трофеи во Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Лос Анџелес Галакси, пак Милан како и за селекцијата на Шведска, Златан Ибрахимовиќ и става крај на блескавата кариера. Во октомври полни 42.

Сан Сиро синоќа ја доживеа една од најемотивните ноќи во поновата историја на клубот. Плачеа од старо до младо, плачеше Тонали, а не издржа ниту Златан.

Заминува од Милан, а воедно соопшти и дека се повлекува од играње фудбал. Имало уште понуди за нов трансфер, но одлучил дека е доста.

Во Милан ќе го паметат по двете освоени Скудета, но и по многуте голови, асистенции, потези, харизмата, дрскоста, лидерството. Едноставно им влезе под кожа на навивачите.

Клубот и навивачите му приредија величеството испраќање како вистинска легенда, а тажните лица потврдуваат колку ќе им фали овој човек, единствен во фудбалот по многу карактеристики.

„Првиот пат кога дојдов во Милан ми дадовте радост, а вториот пат љубов. Сакам да ми се заблагодарам на моето семејство и на сите кои беа блиску до мене за нивното трпение. Сакам да му се заблагодарам на моето второ семејство, тоа се играчите. На тренерот и стручниот штаб за одговорноста која ми ја дадовте. На директорите за можноста која ми ја дадоа. И најважното на крај, од срце благодарност до вас навивачите. Ме примивте со отворени раце и направивте да се чувствувам како дома. Цел живот ќе бидам навивач на Милан. Дојде моментот да му кажам збогум на фудбалот, не на вас.

 

Златан ги насолзи очите на последната средба со навивачите на Милан 

5 јуни 2023 - 09:00