„GOD BYE“ гласи паролата која со огромни букви на цела трибина осамна вечерва на Сан Сиро на последниот меч на Милан сезонава кој го одигра против Верона и го доби со 3:1.
Посветена е на Златан Ибрахимовиќ, човекот кој со речиси 42 години кои ќе ги полни во октомври, го напушта Милан, за жал повреден, без можност да влезе во игра.
Заминува после три и пол години, а претходно го носеше дресот на Милан и во периодот 2010-2012.
Дојде како ветеран со огромно искуство и освен што даваше голови, беше задолжен и за мавање чврги, односно ја држеше соблекувалната на свој начин.
Милан ја оствари целта со него. Помогна после години пауза да го освојат Скудетото и да се вратат во Лига на шампиони.
Се работи за взаемна љубов. Затоа се овие сцени. Успеаа и да го расплакаат.
Бензема се збогува со гол, standing ovation од цел Бернанеу