Тежок избор: да ги одбереш најубавите Топ10 голови во кариерата на Златан

Не беше ова збогување на навивачите и играчите на Милан со својот Златан Ибрахимовиќ туку на целиот фудбал во глобала. Ибракадабра оди во пензија, ги закачува копачките на клин и така завршува една цела епоха. Ќе се памети по неверојатните голови.

Топ10 најубави голови на Златан Ибрахимовиќ во кариерата:

10) Порто, 18 јуни 2004-та, Шведска - Италија:

9) Лос Анџелес, 3-ти јуни 2019-та. ЛА Глакси - Њу Ингланд во МЛС Лига 

8) Лече, 16-ти јануари 2011-та. Неверојатниот погодок на стадионот „Виа дел Маре“ покрај море на мечот Лече - Милан. Бесценета реакција на Адријано Галијани:

7) Рим, 19 ноември 2005-та. Неверојатен дриблинг над Самуел Куфур на мечот Рома - Јувентус кога го матираше голманот Дони:

6) Милано, 4-ти октомври 2008. Како играч на Интер на меч против Болоња Златан Ибрахимовиќ постигна луд гол со потегот „скорпион“. 

5) Торонто, 16-ти септември 2018-та. Ибрахимовиќ го постигна јубилејниот 500-ти гол во кариерата. И тоа какво голчиште во МЛС лигата за ЛА Галакси. Му аплаудираа и домашни гледачи:

4) Париз, 19-ти октомври 2013-та. Ибра со прекрасен гол за ПСЖ ги фрли навивачите во транс:

3) Брисел, 23-ти октомври 2013-та. Само четири дена по „скорпионот“ со Бастија погоре, Златан распали неверојатно голиште за ПСЖ против Андерлехт во Лига на шампиони.

2) Амстердам, 22-ри август 2004-та. Голот кој пар децении важеше за негов најубав во кариерата. На „Амстердам Арена“ против НАЦ Бреда буквално одигра балет со топката и постигна прекрасен гол. Во тој период бил замерен со младиот капитен на Ајакс Ван дер Варт кого режисерот го улови на трибините. Навивачите го исвиркувале Ибрахимовиќ во првиот дел, а после сфатиле што имаат во тимот: 

1) Стокхолм. 14-ти ноември 2012-та. Надреален гол на мечот Шведска - Англија кога направи чудо какво до тогаш не беше видено на фудбалски терени. Тој стана единствен играч во историјата кој на репрезентацијата на Англија и дал 4 гола: 

Златан ги насолзи очите на последната средба со навивачите на Милан

Колективна тага на Сан Сиро

5 јуни 2023 - 13:24