Новак Ѓоковиќ со 3-1 и не баш лесно се справи со Русинот Карен Хачанов во четвртфинале на Ролан Гарос и веднаш после мечот брзал на прес-конференција со цел да заврши побрзо и да оди да го гледа дуелот Алкараз - Циципас на Централниот терен.
Кога целата јавност очекуваше спектакл, Карлос Алкараз кој има само 20 години убедливо со 3:0 по сетови 6:2, 6:1, 7:6 го растури грчкиот тенисер и закажа мега дуел со Новак Ѓоковиќ во петок.
„Верувам во себе цело време. Тоа е најважна работа не само за мене, туку и за секој човек. Мислам дека секогаш ќе играм на ова ниво ако верувам во себе. Клучот на се е да играш со уживање“, изјави бројот 1 на светската ранг листа во моментов.
За Новак на Марион Бартоли која го интервјуираше после победата, Шпанецот рече:
„Би кажал дека ја почуствував таа енергија и љубов од трибините. Да се игра овде е прекрасно, ја чувствувам љубовта од публиката. На овој меч сите сакаа да гледаат добар тенис. Ќе биде сигурно сјаен меч за два дена, јас го посакував. Отсекогаш викам дека ако сакаш да бидеш прв мораш да ги победуваш најдобрите. Новак Ѓоковиќ е секако еден од најдобрите, би сакал да го одиграм тој дуел на високо ниво“.
Новак Ѓоковиќ кој брка историски рекорден 23-ти пехар од Гренд Слем турнирите, вели за Алкараз:
„Игра врвен тенис. Зрел тенис, зрело однесување. Се бодри. Секоја чест на неговиот тим на се што постигнаа до сега. Играч кој треба да се победи овде. Број еден фаворит. Полуфинале на Гренд Слем е голем настан. Голем меч. Нема толку искуство. Колку мене тоа ќе ми биде од помош ќе видиме. Ќе бидам спремен на борба и ќе бидам спремен можеби за најдолгиот меч на турнирот“, изјави српскиот тенисер.
На официјалната АТП листа Карлос Алкараз е прв со 6.815 бодови, Данил Медведев бешее втор со 6.330 поени но изгуби 220 бода со испаѓање во првото коло и ќе падне наскоро на трето место, а Новак Ѓоковиќ има 5.955 така што Шпанецот и Србинот ќе играат и за прво место на ранг листата со оглед на тоа што минатата година и двајцата го завршија Ролан Гарос во четвртфинале.
Во другата половина од ждрепката, денес во 1/4 финале ќе играат Зверев и Елчевери и Руне и Каспер Руд. Победниците од овој двомеч ќе играат меѓу себе во полуфинале.