Јубилејната 10-та титула на МЗТ Скопје носи една поинаква приказна за едно младо момче од Аеродром и чувство какво што би го посакал секое дете кое спортува во маало.
Се работи за 21 годишниот Андреј Андоновски, дете од Аеродром кој до вчера одел во сала да го бодри МЗТ и да се слика со своите идоли, браќата Дамјан и Војдан Стојановски.
Денеска сонот му е остварен бидејќи игра рамо до рамо со нив, а згора на сè ја прослави титулата, Купот и Супер Купот на Македонија.
Андоновски пред една година беше прекомандуван од вториот во првиот тим на МЗТ и сезоната ја почна на клупа. Но потоа доби шанса и го покажа талентот, а на вториот меч во плејофот беше одличен со 12 поени и 7 скока.
„Секој аеродромец живее за успесите на МЗТ. Од кога паметам за себе навивам за гордоста на нашата населба. Оваа титула ми е послатка од сите претходно, разбирливо бидејќи и самиот имав директен придонес во нејзиното освојување. Како мал сонував дека еден еден ќе играм како моите идоли, како двајцата врвни кошаркари, кои ме примораа уште повеќе да ја засакам кошарката“.
Целата сторија за Андреј Андоновски ја имате на Спорт1.