Мажи и жени во знак на еднаквост решиле да одиграат партија фудбал

Сегашни и поранешни репрезентативки на САД во фудбал, мошне спремни девојки на фудбалскиот терен, договориле пријателски меч со постари ветерани од англискиот нисколигаш Рексам чиј сопственик од неодамна е Рајан Рејнолдс.

Пред да почне мечот, жените храбро најавуваат дека ќе одат на победа:

Натпреварот кој обично треба да трае 90 минути, завршил после 40 минути при резултат 12:0 за машката екипа. Натпреварот се играл 7 на 7, две полувремиња по 20 минути, без офсајди и аути.

Според статистиката, фудбалерките имале пет обиди кон противничкиот гол, а машкиот тим имал 39 шанси за погодок.

Некои медиуми ја искористија оваа прилика да потсетат на дебатата за еднаква заработка во машкиот и женскиот спорт, а во која најгласна беше токму капитенот на женската фудбалска репрезентација на САД, Меган Рапино.

6 јуни 2023 - 14:39