Паоло Малдини, култната личност на „Сан Сиро“ кој со децении го носеше дресот на Милан а сега како функционер успеа да го направи шампион и да му донесе скудето, по синоќешната кавга со газдата на клубот Гери Кардинале, веќе не е во Милан.
Неговиот син Даниеле Малдини веќе неколку месеци е на позајмица во Специја иако едно време беше дел од тимот превдоден од тренерот Стефано Пиоли и дури и постигна дебитатнски погодок, а потоа и гол токму против росонерите како играч на Специја.
Навивачите на Милан, особено оние од Јужната трибина, најверните, бурно реагирале на одлуката на првиот човек на Милан американскиот Италијанец Гери Кардинале да ги отпушти Малдини и Масара кои многу придонесоа за скудето на Сан Сиро и за прво полуфинале на Лига на шампиони после икс години.
Тифозите бараат неодложно враќање на Масара и Малдини во клубот и оставка од претседателот Кардинале кој лани стекна мнозински пакет акции во клубот.
Пукна тиквата во Милан, Малдини и Масара го напуштаат клубот