- Во Серија А само што заврши сезоната а веќе излегоа многу нови вести. Ибрахимовиќ замина во пензија, го испратија од саканиот „Сан Сиро“. Наполи само што прослави скудето остана без својот командант Лучано Спалети кој е најзаслужен за титулата но кој се замерил со претседателот Аурелио Де Лаурентис и си замина од Неапол.
- Во Милано Милан остана без тандемот оперативци Малдини-Масара кои направија респектабилен тим кој сензационално стигна дури до полуфинале на Лига на шампиони и освои скудето.
- Во Неапол нов тренер на Елмас најверојатно ќе му биде Винченцо Италијано, младиот стручњак кој направи сјајни резултати со Фиорентина сезонава и ја донесе дури до финале на Лига на Конференции каде ги чека Вест Хем. Тој бил прв избор на Наполи и газдата Де Лаурентис. А Јувентус најверојатно ќе го потврди Масимилијано Алегри под кого имаа очајна сезона.
- Елмин Растодер го разби малерот на македонската фудбалска репрезентација, која осум натпревари беше во серија без постигнат гол. По мечот со Шкотска изјави дека се работи за вежбана комбинација.
- „Горд сум што го постигнав првиот гол за Македонија, но штета што не успавме да стигнеме барем до еден бод. Одигравме добар натпревар, бевме спремни, но понекогаш таков е фудбалот. Комбинацијата од корнер ја трениравме, јас истрчав на прва статива, Барди ја испрати токму таму топката и погодив со глава.
- Сакам уште еднаш да кажам дека сум многу горд што постигнав гол за нашата држава, тоа е мојата задача, напаѓач сум. Тоа ми дава енергија да постигнам погодок и на следниот натпревар против Словенија“, рече напаѓачот на Панатинаикос.
- „Овој натпревар го реши ВАР, немам што да им замерам на момците, одиграа одличен натпревар, кога играте со ваква репрезентација мора да сте на високо ниво, тие ги искористија своите шанси и дојдоа до победата.
- Полека, полека фудбалерите ги разбираат моите замисли, жално е за резултатите, добро е за фудбалерите што дадовме гол бидејќи цело време се спомнуваше, знам дека тие можат повеќе.
- Ние со ваква игра можеме да се носиме со силни репрезентација. Одигравме машки и борбено, го исполнија тоа што барам, го оставија срцето на теренот, штета што загубивме, се надевам на подобри денови“, изјави по мечот селекторот Гоце Седлоски.