Ибракадабра со царска досетка за Мино Рајола

Денес е Ибра ден, па така речиси секоја втора работа му е нему посветена. Златан во фудбалска пензија го испратија околу 70.000 навивачи на Милан, пред натпреварот со Верона од последното коло на Серија А. Ибрахимовиќ доби неверојатни овации, плакети и признанија. После мечот излегол пред новинарите.

Некој од присутните новинари синоќа го прашал Ибрахимовиќ: „Колку смртта на Мино Рајола (децениски менаџер на Златан кој му заврши најголеми трансфери во кариерата а кој почина во април лани по долго боледување) влијаела на одлуката на Ибра да ја заврши играчката кариера?“

„Кога ми се случи трагедијата со Мино, фудбалот веќе не беше ист за мене, зошто сè што направив направив со Мино. И во фудбалскиот свет, но и надвор од него. Бев сам, немав никој крај мене со кого би зборувал за сè, за сите мои работи зошто сум многу резервиран. 

Со Мино ги делев сите тие работи. После се случи трагедијата и веќе не беше исто.

Но ако беше до Мино, ќе продолжев да играм фудбал. Зошто да беше тој, ќе сакаше да земе процент (се смее). Извини Мино, но вистина така е“.

Тежок избор: да ги одбереш најубавите Топ10 голови во кариерата на Златан

Колективна тага на Сан Сиро

5 јуни 2023 - 14:14