Ривал на Нагетс во големото финале во кое Никола Јокиќ може да влезе во вечноста е Мајами Хит, екипа која спие во текот на регуларниот дел од сезоната, но во плејофот е како разбуден џин.
Во моментов резултатот во финалето е 1-1 а серијата се префрла на Флорида каде Мајами ќе игра пред преполна сала свои навивачи.
Никола Јокиќ, двократниот МВП на НБА кој според многумина требаше да стане и трикратен, е меѓу подобро платените кошаркари во лигата но и натаму заостанува зад оние со астрономски суми како Стеф Кари, Леброн Џејмс, Кевин Дурент.
НБА кошаркарите заработуваат огромни суми и тоа не е тајна, но од тие пари добро се офајдуваат и државата, градот, агентите. Горе-долу кога сè ќе се собере, заработката на еден НБА кошаркар може да стигне и до 50 одсто помалку од бруто приходот.
Никола Јокиќ според достапните податоци во Денвер Нагетс заработува 46,9 милиони долари по сезона, но тој износ драстично се намалува кога ќе плати сè на што државата го принудува. Прва најголема сума која што мора да ја плати е федерална такса која изнесува страшни 17,36 милиони долари годишно.
Понатамошните трошоци не се ништо поблаги. На пример на Колорадо Јокиќ му плаќа данок во износ од 2,06 милиони долари, а таканаречената џок такса ја плаќа 1,4 милиони долари - тоа е данок на приход кој им се наплаќа на посетителите на градот или државата во која ги заработуваат парите. Покрај тоа, плаќа и данок на придонес кој во случајот на капитенот на Србија изнесува 436.000 долари.
Кога на сево ова ќе ја пишете и сумата од 1 милион и 41 илјада долари колку што му плаќа на менаџерот, на Јокиќ му останува отприлика 24,23 милиони долари годишно.
Nikola Jokic's income after taxes 🥴
— Andrew Petcash (@AndrewPetcash) June 5, 2023
$46.9M: Salary
-
$17.36M: Federal Tax
$2.06M: Colorado Tax
$1.41M: Agent Fee
$1.4M: Jock Tax
$436k: FICA
=
$24.23M: Net Income pic.twitter.com/DqEQfoOZec