Неверојатна завршница на турското дерби

Големите ривали во Турција и во Евролига, Фенербахче и Ефес Пилсен, гиганти од Истанбул, деновиве играат во полуфинале на турскиот плејоф. Фенер го доби првиот меч убедливо со 108-66, а на вториот дуел исто во салата на Фенербахче, Ефес Пилсен израмни на 1-1 со кош постигнат во последни секунди после ерупција во салата.

Грчкиот трофеен стручњак Димитрис Итудис ја фрли таблата кога го примија последниот кош: 

На крајот најефикасни кај Фенербахче беа Џонатан Мотли со 22 поени, 9 скока и 7 асистенции, Тарик Биберовиќ со 17 поени и 5 скока, Марко Гудуриќ со 15 поени и 5 асистенции. Најџел Хајс-Дејвис уфрли 14 поени со 4 скока и 2 асистенции.

Кај победничкиот Ефес Пилсен неверојатна средба одигра Вил Клајбурн со 35 поени, 10 скока и 3 асистенции. Елајџа Брајант даде 18 поени со 2 скока, Шејн Ларкин имаше 17 поени со 3 скока и 6 асистенции, Тибор Прајс 11 поени со 6 скока.

Следниот меч се игра во среда на 7-ми јуни од 19 часот кога Ефес е домаќин. Во другото полуфинале играат Пинар Каршијака и Турк Телеком и таму вториве водат со 1-0.

 

6 јуни 2023 - 09:32