Едно од најјаките видеа на сезоната ни доаѓа од романскиот женски прволигашки ракомет меѓу екипите на Залау и Актив Прахова Плоешти.
Се паднале да играат во плејоф за опстанок во првата лига, ама ретко кој зборува за ракометните игри на овој дуел.
Протагонист број 1 е тренерот на Залау, Георге Тадичи кој апла пред камери вади плик со пари и му ги дава на еден од службените лица на мечот.
Бидејќи се работи за турнир во кој учествуваат вкупно четири екипи, трошоците за организација се на товар на клубовите.
Но Тадичи тоа го прави како на кванташки и според романските медиуми за двајцата судии дели по 3.000 леи (600 евра), за делегатот 2.000 и уште по 150 за уште двајца кои седат на записничката маса.
Како завршува мечот? Неговиот тим слави 34:25 после негатива од четири гола на полувреме, а од Плоешти се бунат и објавуваат соопштение во кое велат дека судиските грешки се тие кои ја направиле разликата на мечот.