Дрвото на животот на Џими Батлер, НБА супер ѕвездата и еден од најдобрите играчи на свет во последните десетина години, е разгледувано многу пати.
Сега кога Џими Батлер е во големо финале на НБА и се бори за прв шампионски прстен, е прав момент да се потсетиме на неговото неверојатно жално детство кога бил избркан од семејството.
Иако самиот Џимбо, јунакот на Мајами Хит неколку пати нагласувал дека не му треба туѓо сожалување и дека воопшто не му е гајле за тоа што се случило.
„Без тоа што се случи, не би станал ова што сум денес“, вели Батлер готово како од топ на прашањата за семејството.
Денес Џими е врвен НБА кошаркар со сериозни шанси за шампионски прстен на рака, успешен бизнисмен, јавна личност и среќен татко кој заработува стотици милиони долари. Но оваа идила била само сон во детството.
ЛОНДА БАТЛЕР
Жена која што некои ја сметаат за спасителка, а многумина за кукавица која го избркала своето чедо од гнездото. Има и такви кои се сигурни дека нејзината храброст за таква постапка ја одредила понатамошната судбина на Џими. Но...
Лонда се родила во Томбал, држава Тексас, место со околу 10.000 жители. Таму завршила средно школо после што се преселила во големиот Хјустон каде се запишала на колеџот Лоун Стар за да учи за млада медицинска сестра.
Во тоа време Лонда се запознала со Џејмс Батлер, претставителен, симпатичен џентлмен кој другарувал со чашката.
Почнале да излегуваат и да се забавуваат, а наскоро им се родил син, кој согласно семејната традиција го крстиле во чест на дедото. Таткото на Џејмс се викал Џими.
После некое време, Џејмс Батлер освен името од својот дедо, ништо друго не и оставил на Лонда, заминал и ги напуштил. Џими тогаш бил мало дете и подоцна раскажувал дека нема никакви детски спомени од татко му. Не сеќава на него.
Лонда работела како медицинска сестра во различни болници, во надеж дека ќе најде право место. Кога Џими наполнил 13 години, Лонда буквално кренала раце од него, затоа што тврдела дека не можела и да се грижи за синот и да бара високоплатена професионална работа.
Трагично, во еден момент буквално му рекла: „Не ми се допаѓа како изгледаш. Ти си урочлив. Подобро да си одиш“. Така го испратила преку прагот.
Денес Лонда вели дека решила така затоа што не си допаѓало однесувањето на Џими и во што го претворал домот додека таа напорно работела. И покрај радикалните мерки, проблемите на Лондо со прогон на синот не исчезнале.
Таа се обидела да стане диетолог, но немала основна специјализација а дополнителен курс чинел многу пари. На крајот таа се вработила во дом за изнемоштени лица и лица со ограничени способности.
Парадоксално, Лонда и ден-денес се занимава со оваа професија иако нејзиниот син Џими стана милионер и периодично ја помага мајка си која пред многу години го избркала од дома.
Откако го потпишал астрономски богатиот договор со Мајами Хит, жолтиот печат во САД пишувал дека сумата која што Батлер ја одвоил за помош на мајка му низ годините изнесувала околу 30 милиони долари.
Но за оваа теорија нема никакви докази па останува само меѓу поборниците на сензација.
Единствено е познато дека Батлер ден-денес одржува контант со биолошката мајка.
„Јас нема да бидам тоа дете до крајот на мојот живот. Ова не е она што го сакам. Оттогаш изминав долг пат и оставив многу зад мене. Не ме држи лутина против никого. Се уште комуницирам со семејството. Со мајка ми. Со татко ми. Се сакаме. И тоа никогаш нема да се смени“, изјавил Батлер еднаш за ESPN.
Џими Батлер само што ја почна финалната серија на НБА против силниот фаворит Денвер Нагетс. Триесет и три годишниот Џимбо има дури 6 учества на Ол-стар натпреварите, а во 2020-та година беше на прагот од шампионски пехар но изгуби од ЛА Лејкерс во таканаречениот меур во време на глобалната пандемија.
ЏЕЈМС БАТЛЕР
Од уличниот мистериозен сликар Бенкси, Џејмс Батлер се разликува само по тоа што му го знаеме името. Се друго е исто. Човек-енигма. Мистерија. Суперѕвездата на Мајами Хит не сака да раскажува многу подробности за животот и карактерот на неговиот биолошки татко.
Освен ако некогаш не му се испушти нешто во некое од многуте секојдневни интервјуа. Така на пример за време на една од рекламните камапњи за алкохолни пијалаци што ги рекламирал Батлер, тој рекол дека татко му многу сакал темен рум и дека не е пијаница како што се мисли.
Овој факт многу соодветствува со еден друг. Познато е дека Џејмс Батлер најголем дел од својот живот работел како возач на камион. Способност со денови и ноќи да го држи воланот на долги растојанија му излегла во пресрет во намерата да исчезне од животот на Лонда и неговиот син.
Штом Џими почнал да заработува огромни пари, толку големи да од една плата му било доволно да му купи цела флота од лични камиони на татко му, Џејмс Батлер се вратил безбедно во неговиот живот. И повеќе од успешно се вратил.
Последен пат кога отворено зборувал за татко му, го кажал буквално следново:
„Ќе го сакам татко ми до самата смрт. Никој не е совршен, сите ние причинуваме некому некаква болка, намерно или ненамерно. Мене ми требаше некое време за да им простам на мама и на тато, но на крајот го направив тоа“, кратко резонирал Џими.
Сега Џејмс Батлер живее во Магнолија, држава Тексас, со својата втора жена Џојс Батлер која што имала фризерски салон. Одвреме на време Џејмс и Џојс ги посетуваат натпреварите на Џими во НБА, а тој попнекогаш им одел на ручек на гости.
МИШЕЛ ЛАМБЕРТ
Жена која е со сигурност најзаслужна за тоа што Џими е денес. Откако како мало 13-годишно дете бил избркан на улица, тој спиел некое време по куќи кај пријателите и кај секого останувал по две-три ноќи.
Кога немал таква можност Џими преспивал на клупа на улица иако самиот за тоа има кажано:
„Во тоа нема ништо лошо ни добро. Тоа е ситуација во која запаѓаш и тоа е тоа. А понатаму бираш за себе: спремен ли си да се бориш и да ги дадеш сите сили за да нешто слично не се повтори или ќе кренеш раце и ќе пловиш. Луѓето често ја бираат првата варијанта, очигледно. Но не е така лесно кога околу тебе немаш никој кој е спремен да ти помогне. Јас сум среќлија, мене ми тргна што сретнав такви луѓе“, искрено раскажува Џими.
А тоа „сретнав такви луѓе“ во случајот на Батлер не се обични фигури, туку конкретни луѓе. Неговиот пријател Лесли Ламберт со кого се запознал во школо и неговото семејство.
Во емејството на Мишел и Мајкл Ламберт имало седум деца: четири свои и три посвоени. Од оваа причина постои недоумица околу тоа има ли Џими браќа и сестри.
Џими не се преселил наеднаш кај нив. Претходеле многу разговори со идните родители, многу ноќевања, повеќечасовни играње видео игри, дружби и слино.
Лесли прва споменала да го посвојат, а Мајкл не бил многу заинтересиран за овој предлог. Мишел не знаела како уште едно лице ќе се вклопи во семејниот буџет и каде да најде нови квадратни метри за него. Затоа му поставила тешки услови.
„Му кажав дека треба да стане пример за помалите. Без глупости, да има одлични оценки, навремено да ги следи часовите, да биде успешен во кошаркарскиот тим, да помага низ дома, да чисти и да оди во пазарење. Да бидам искрена кога го набројував ова, не верував дека навистина ќе може да го исполни сето тоа.
Но Џими успеа, тој секогаш беше спремен да помкогне, да поддржи, да поттикне и да направи нешто без разлика кој му бара. Ниту еднаш не рече „Не“ и ниту еднаш не се пожали. Горда сум што можам да го наречам свој син“, раскажала еднаш Мишел која го посвоила бездомниот Џими.
После неколку месеци посвојувањето било официјално оформено. После многу години, таа го возела специјално на матурската вечер.
„Плачев, не можев да престанам. Бев горда и среќна. Сите сомневаа во него, но тој покажа на што е способен. Џими секогаш зборуваше дека ние сме го направиле тоа што е. Не сум сигурна дали сфаќа колку и тој направи за нас. Тој ги смени нашите животи. Станавме подобри благодарение на тоа што тој стана дел од нашето семејство“, признала Мишел.
Џими исто е неизмерно и вечно благодарен.
„Неизмерно сум и благодарен за тоа што ми помогна да станам тоа што сум. Многу ја сакам. Можно е да помисли човек дека она ме родила. Разговарам со неа секое утро. Многу е прекрасна. Таа е моето семејство. Мишел Ламберт. Таа е моја мајка“, рекол Џими Батлер.
КЕЈТЛИН НОВАК
Кога сфатил каков талент за баскет има и кога тоа го констатирале тренерите, Џими немал многу време за други активности. Напорно тренирал секојдневно за да стигне до врвот, до она што е денес, една од најголемите светски ѕвезди.
Во 2015-та година Џими имал врска со девојка со полинезијско потекло, Чармеин Пиула која работела во голема маркетинг компанија. Тие се здружиле и нашле заеднички теми на разговор како спорт, атлетика, трчање и тенис. Но не сакале да ги жртвуваат професионалните можности за романтични средби.
Џими подоцна имал приказни и со други девојки но немал доволно време затоа што постојано летал на натпревари во други градови.
Сите неуспешни романи ги оставил зад себе кога ја сретнал Кејтлин Нова, модел со полски корени која е родена во Небраска. Таа била дипломиран социолог на Универзитетот Небраска-Линколн и водела своја компанија.
Во октомври 2019-та добиле ќерка но и покрај тоа не се решиле за свадба. Џими има 33 години, Кејтлин 32.
„Кога бев сам, дури не ни помислував на тоа. Но сега ми е криво што не можам да ја однесам ќерка ми во зоолошка без некој да не пријде за сликање или да поразговара за баскет. Понекогаш ја гледам во очи и велам: „Ќеркичке, уживај во овие моменти на спокој. Цени го секој момент“. Јас за неа сум само тато додека уште не осознава“, вели Џими.
Таа еден ден ќе дознае дека татко и бил еден од најдобрите НБА кошаркари кои играл во две големи финалиња, а кој на рана младост бил протеран од дома.