Она што вчера беше на големо најавено во италијанскиот печат, целосно неочекувано и шокирачки за навивачите на Милан, клубот го потврди со кусо соопштение.
Најголемата клупска легенда и икона на клубот на кој му ја посвети цела кариера составена од неверојатни 24 години и 902 настапи, избркана е после состанок од половина час и соопштение кое не го заслужува како симбол на Милан.
Напишале буквално три реченици, без никакво објаснување за прекинот на соработката или поточно без трошка респект и со само едно благодарам во најкуса можна форма.
„Милан соопштува дека Паоло Малдини го завршува својот мандат во клубот, со важност до 5 јуни 2023-та.
Му благодариме за неговиот придонес во овие години, во кои Милан се врати во Лигата на шампиони и го освои Скудетото во сезоната 2021/2022.
Неговите одговорности ќе бидат доделени на тим кој ќе биде во тесна соработка со тренерот и кој ќе треба да го известува извршниот директор“.
Потегот на управата е многу дрзок, суров и пред сè нелогичен, бидејќи не зборуваме само за човек кој изгинал на Сан Сиро и освоил 26 трофеи.
Тој без никакво претходно искуство како функционер, во само пар години изгради тим кој по 11 години го освои Скудетото и го врати во ЛШ и тоа до полуфинале.
Плус е најзаслужен за продолжувањето на договорот на феноменалниот Рафаел Леао, кој важи еден од најдобрите на својата позиција.
Paolo Maldini became Milan's technical director in June 2019. Since then, Milan have signed:
— Zach Lowy (@ZachLowy) June 6, 2023
-Rafael Leão (€29.5m)
-Theo Hernández (€22.8m)
-Ismaël Bennacer (€17.2m)
-Sandro Tonali (€16.9m)
-Simon Kjaer (€3.68m)
-Mike Maignan (€15.4m)
-Pierre Kalulu (€1.29m) pic.twitter.com/IJgscTmWDD
Пукна тиквата во Милан, Малдини и Масара го напуштаат клубот