Offside

Иронијата на судбината сакаше првиот меч на Манчестер Сити после пресудата на судот дека се виновни по сите 114 точки од обвиненијата, да биде токму против Ливерпул. На „Енфилд Роуд“ се одигра големото дерби кое мина во знакот на паролите од двете страни. Гостите убедливо славеа 0-3.

Шкотите облекоа полицаец во нивен дрес

Шкотските навивачи кои често ги гледаме во Скопје во разни квалификациски натпревари, а ќе ги гледаме и наскоро во Лига на Нации кога Македонија ќе игра против Шкотска, важат за едни од најзабавните. Каде и да одат тераат мајтап на своја и на туѓа сметка. Сега еден полицаец во Бостон посакал да облече дрес на Шкотска.

На мангупски начин шверцаат текила на трибини

Очекувано традиционалната мексиканска текила е баран пијалак на Мундијалот кој се игра во оваа земја. А на натпреварите строго е забранета конзумација на алкохол, па се снаоѓа кој како може. Овој е мајстор!

Реми меѓу Канада и БиХ, прв бод за Канаѓаните на Светски првенства

Во Торонто на реновираниот стадион, вечерва еден од домаќините на Светско првенство, Канада и Босна и Херцеговина одиграа нерешено 1-1 и си поделија по бод во 1. коло од групата Б каде се уште и Швајцарија и Катар.

Бразилецот Кака кај Рио Фердинанд за Премиер лига

Еден од најголемите бразилски фудбалери во историјата, Кака кој блескаше во Милан и освои Лига на шампиони, бил гостин во емисијата на Рио Фердинанд. 

Светски рекорд на 110 метри поставен на малку познат студентски натпревар

Во сенка на големото Светско првенство 2026 во фудбал кое се игра во САД, Мексико и Канада, 20-годишниот Американец Џејкоб Тарп станал нов светски рекордер на 110 метри со пречки.

Ние сме за Парагвај

Речиси нема кој не ја памети бомбастичната Лариса Рикелме која се прослави на Светското првенство 2010 во Јужна Африка кога цел стадион гледаше во неа. Сега нејзина наследничка, исто од Парагвај е извесна Марисол Олмедо која има преку 220.000 следбеници на Инстаграм. Ја викаат „Ла Мадрина“ и таа е природна наследничка на Лариса Рикелме.

Јунакот на Мексико Хименез - од работ на смртта со скршен череп, до гол на Светско на 35 години

Раул Хименез конечно успеа, го оствари сонот и на 35 години даде гол на еден Мундијал за Мексико. И тоа не кој било, туку на домашно Светско првенство пред својот народ, за победа против Јужна Африка...

Кореецот во мексиканска толпа

Веќе ги имаме првите јаки видеа од Светското првенство во Мексико. Домаќините имаат фина, пријателска дружба со Корејците на кои им скандираат: ¡Coreano, hermano, ya eres mexicano! или во превод „Кореец, брате, ти си Мексиканец“. Заедно пијат текила, а еден уживаше во толпата:

Текила спои Корејци и Мексиканци

Убави слики од Мексико каде навивачи на репрезентациите кои славеа победи во 1. коло на отворањето, Мексико и Јужна Кореја заедно ексираат текила. Не им дале да ја внесат на трибини нормално, па ја дегустирале надвор.

Преку 100.000 Мексиканци славеа победа на силен дожд

Како и многу народи од тој дел од светот, така и Мексиканците просто живеат за фудбалот кој страствено го следат. Синоќа како домаќин на Светското 2026 на отворање ја победија Јужна Африка 2-0. После мечот над 100.000 Мексиканци мокри „до гола кожа“ славеа триумф.

Скапи влезници, полупразни трибини и триумф на Јужна Кореа

По свеченото отворање и шоуто кое го приреди Шакира, домаќинот Мексико на стартот на Светско 2026 ја совлада Јужна Африка 2:0. После нив играа Јужна Кореа и Чешка. Корејците славеа 2-1 после пресврт со головите на Хванг и Хјон-гју.

Светското почна со 3 црвени картони и победа на Мексико

По шоуто на свеченото отворање на Светското првенство 2026, домаќинот Мексико лесно ја совлада Јужна Африка 2-0. Стрелци Кињонес и Раул Хименез. Дуелот заврши со три црвени картони, два за Јужноафриканците, еден за Мексико. Во истата група вечерва играат Чешка и Јужна Кореја. 

Спектакуларно отворање на Светско првенство, Шакира ја распали Ацтека

Мундијалот 2026 е официјално отворен. Три земји домаќини, а церемонијата на свеченото отворање се одржа на култниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити. На терен спектаклот го збогатија Шакира, Мана и Андреа Бочели.

Судијата од Сомалија кој беше протеран од САД ќе суди УЕФА Супер Куп

Одличниот африкански судија Омар Артан кој беше делегиран да суди натпревари на Светско првенство но властите во САД не му дозволија престој и го депортираа назад дома, ќе го суди УЕФА Супер Купот.

Бразил чека титула

Традиционално бразилските градови дишат со фудбалската репрезентација која ќе напаѓа титула на Светско првенство 2026. Улиците и фасадите се обоени во жолто-сино Веќе се нацртани неколку гигантски мурали за нивните идоли.

Стадионите на кои ќе се игра Светско 2026

Дојде моментот. Конечно почнува Светското првенство. Ќе се игра во три земји а ќе стартува во Мексико на легендарниот стадион „Ацтека“ кој дури три пати бил домаќин на Мундијали. Натпреварите ќе се играат во 11 градови во САД, три во Мексико и два града во Канада.

А вие мислевте тоа само на Балкан го имало

Стотина навивачи на Њујорк Никс агресивно ја славеле победата на екипата во 3-от и 4-от натпревар од финалната серија против Сан Антонио Спарс. Никс направија историски пресврт, победија откако губеа со -29 поени разлика во трета четвртина. После натпреварот навивачите на Њујорк нападнале гостински навивачи на Сан Антонио, ги тепале и им ги соблекувале дресовите и маиците.

Навивачи на Њујорк Никс го погодиле Вембанјама со јајце во глава

Њујорк Никс направи чудесен историски пресврт откако во 4. натпревар од големото финале во НБА лигата се врати од огромна негатива од -29 поени и заслужено славеше за 3-1 во серијата која се игра до 4. Спарс доживеаа катастрофален пад во вториот дел а после мечот нивниот лидер Виктор Вембанјама бил погоден со јајце надвор од салата.

Луд триумф на Њујорк Никс во последна секунда во големото финале!

Кошаркарите на Њујорк Никс направија историско чудо во НБА лигата откако во 4. натпревар од серијата во големото финале направија неверојатен пресврт! Сан Антонио Спарс водеше со страшни 29 поени разлика во третиот период на гостински терен пред преполни трибини. На крај Вембанјама и другарите беа шокирани.

Почнува Светско првенство!

Вечерва од 21 часот со натпреварот меѓу домаќинот Мексико и Јужна Африка почнува 23. ФИФА Светско фудбалско првенство. Во следните месец и нешто дена (поточно 39 дена) ќе има рекордни 104 натпревари. Големото финале е закажано за 19. јули во Њу Џерси.

Како сомбреро станал главен симбол на Мексико?

Сомбреро е најпрепознатливиот симбол на Мексико и задолжителен атрибут на неговите навивачи на сите Светски првенства. Така ќе биде и на овој Мундијал, трет во историјата во оваа земја.

„Чичко Меси си играл со татко ми“

Поранешниот исландски фудбалер Еидур Гудјонсен беше прав фудбалски глобтротер. Почна во родниот Валур па играше за: ПСВ, Рејкјавик, Болтон, Челси, Барселона, Монако, Тотенхем, Стоук, Фулам, АЕК, Серкл Бриж, Клуб Бриж, Болтон, Молде и Пуне Сити. Во Барселона играше едно време со Меси и освои тројна круна: Ла Лига, Копа дел Реј и Лига на шампиони.

Зошто Хаити на дресот за Светско има јунак со знаме на Полска?

Веќе се познати дресовите за Мундијалот 2026 на сите репрезентации. Производителот на опрема за секоја репрезентација има краток опис од каде нашле инспирација за разните елементи на опремата. Пример Египет има дизајн на дрес со пирамиди, Бразил со амазонските прашуми, Гана со митолошки лик, а Хаити со полско знаме...

Един Џеко на Светско ќе игра во копачки дизајнирани од Македонец

Најголемиот фудбалер од БиХ во последните неколку децении, Един Џеко на Мундијалот во САД, Мексико и Канада ќе игра во уникатни копачки OneOfAKindS кои ги изработил светски познатиот македонски уметник Сатја Грабулоски и неговото студио.