Судијата од Сомалија кој беше протеран од САД ќе суди УЕФА Супер Куп

Одличниот африкански судија Омар Артан кој беше делегиран да суди натпревари на Светско првенство но властите во САД не му дозволија престој и го депортираа назад дома, ќе го суди УЕФА Супер Купот.

Триесет и четири годишниот судија од Сомалија Омар Артан се најде на насловните страни на многу светски спортски страници откако САД реши да го врати дома и не му одобри престој.

Тој беше прогласен за најдобар судија во Африка во 2025-та година. Доби дипломатски пасош од својата земја за полесно да може да стигне во САД и да суди на Светското првенство но го вратија. Под изговор дека „бил поврзан со некои членови на терористички групи во Сомалија“, Амар беше депортиран од САД.

Во својата земја беше пречекан како национален херој, на аеродромот му беа доделени неколку почести и ордени.

Сомалија е една од неколкуте земји на чии државјани САД им забрани влез во земјата.

„ФИФА може да потврди дека судијата Абдулкадир Артан нема да може да тренира и да суди на ФИФА Светското првенство откако не му беше дозволен влез во САД“, објави ФИФА и додаде дека ФИФА не е инволвирана во имиграцискиот процес на земјата домаќин ниту во процесот за добивање виза.

Сега УЕФА реши да го назначи Артан да го суди натпреварот од УЕФА Суперкупот меѓу ПСЖ и Астон Вила закажан за 12-ти август во Салцбург.

„Омар Артан е одличен млад, но веќе искусен судија, кој се докажа на највисокото натпреварувачко ниво на Конфедерацијата на Африканскиот фудбал. Фудбалот е направен за да ги поврзува луѓето, а УЕФА сака да ја покаже својата почит кон Омар и неговите извонредни судиски вештини, кои му ја донесоа толку престижната номинација. Му благодарам на мојот пријател, претседателот на КАФ, Патрис Мотсепе, за ентузијастичката поддршка на нашата иницијатива“, изјавил првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин.

11 јуни 2026 - 15:45