Един Џеко на Светско ќе игра во копачки дизајнирани од Македонец

Најголемиот фудбалер од БиХ во последните неколку децении, Един Џеко на Мундијалот во САД, Мексико и Канада ќе игра во уникатни копачки OneOfAKindS кои ги изработил светски познатиот македонски уметник Сатја Грабулоски и неговото студио.

Инспирација за дизајнот е „Босанскиот змеј“ и вклучува рачно изработени елементи во сина боја, со знамето на Босна и Херцеговина и детали изведени со 18-каратно течно злато.

„Един е еден од најголемите спортисти што излегле од Балканот - капитен, лидер и, пред сè, одличен човек. Особено ми е драго што успеавме да го реализираме овој проект, бидејќи тој беше на самиот врв на нашата листа на желби. Сите имиња со кои сме соработувале имаат статус на GOATs и се најдобрите во своите генерации и лидери на своите репрезентации. Со овие соработки, на некој начин и Македонија ќе биде присутна на Светското првенство“, вели Грабулоски.

Копачките се дел од серијата ексклузивни спортски проекти на Swithadot Studios, студио кое досега има изработено уникатни парчиња за над 400 светски спортски и музички ѕвезди.

 

 

10 јуни 2026 - 11:24