Стадионите на кои ќе се игра Светско 2026

Дојде моментот. Конечно почнува Светското првенство. Ќе се игра во три земји а ќе стартува во Мексико на легендарниот стадион „Ацтека“ кој дури три пати бил домаќин на Мундијали. Натпреварите ќе се играат во 11 градови во САД, три во Мексико и два града во Канада.

Мексико Сити: „Естадио Ацтека“

Отворен: 1966
Капацитет: 83.000 гледачи

Стадион на кој е испишана голема фудбалска историја. На овој стадион се одиграа неколку култни натпревари на кои се прославија големите Пеле и Марадона. Диего на ова место ги постигна двата најлегендарни гола во историјата на фудбалот: едниот со рака против Англија а другиот откако ја предлибла пола противничка екипа.

Овој стадион бил домаќин на 3 Светски првенства и по тоа е единствен во светот.

Атланта: „Мерцедес-Бенц Стадион“

Капацитет: 75.000
Отворен: 2017

Овој стадион беше домаќин на 53. издание на Супер Боул кој го освоија Патриотс на Том Брејди. Главниот архитект и иден творец на Арената, Бил Џонсон потврдил дека изгледот на стадионот е инспириран од римскиот Пантеон.

Бостон: „Жилет Стадион“

Капацтет: 65.000
Отворен: 2002

Во 2003-та година овој стадион беше домаќин на Светското првенство во женски фудбал и некои натпревари од Голд Купот (Куп за репрезентации од северна и средна Америка). Тука често играат машката и женската репрезентација на САД.

Оваа арена е изградена нова наместо на стариот „Фоксборо Стадион“ на кој се играше Светско 1994 и на кој по два гола постигна Роберто Баџо (против Нигерија и против Шпанија). 

Далас: „АТ&T Стадион“

Капацитет: 94.000
Отворен: 2009-та

Домот на Далас Каубојс од НФЛ лигата. Во 2010-та година на овој стадион се играше НБА Олс Старот, пред 108.713 гледачи и тоа беше признаено во Гинисова Книга на рекорди како спортски настан со најмногу гледачи во историјата на САД.

Овој стадион е еден од најголемите во САД и има најголем капацитет за Светското. Тука концерти правеле Пол Мекартни, У2 и Тејлор Свифт.

Гвадалахара (Мексико): „Естадио Акрон“

Капацитет: 48.000
Отворен: 2010

На овој терен се играше Светско У-17 во 2011-та година на кое играа играчи како Рахим Стерлин, Мемфис Депај и Себастијан Але.

Манчестер Јунајтед играше на отворање на стадионот пријателски натпревар против локалниот клуб Гвадалахара. Чичарито Ернандез во прв дел тогаш играше за домашниот клуб а во вториот дел играше за Јунајтед, неговиот тогашен нов клуб кој го откупи токму од Гвадалахара.

Хјустон: НРГ Стадион

Отворен: 2002 година
Капацитет: 72.000 места

Овој легендарен стадион во САД беше домаќин на 2 натпревари од Супер Боул во 2004 и 2017-та, еден МЛС Ол Стар натпревар и некои натпревари од Копа Америка Сентенарио по повод стогодишнината од основањет на КОНМЕБОЛ.

Меси кој на 24 јуни ќе слави 39 години веќе има постигнато гол на овој стадион. Интересно оваа арена е прва во американската фудбалска лига која има подвижен покрив. Тука свиреле Металика, У2 и Ролинг Стоунс.

Канзас Сити: „Ароухед Стадион“

Капацитет: 73.000
Отворен: 1972-ра

Овој е постар стадион но има многу поврзаности со фудбалот. Од 1996-та е дом на Спортинг Канзас Сити а тука често игра и репрезентацијата на САД.

На оваа арена се измерени најгласните децибели на еден спортски настан во САД. Дури 142,2 децибели биле измерени за време на средбата Канзас Сити Чифс - Њу Ингланд Патриотс во НФЛ лигата.

Лос Анџелес: „СоФи Стадион“

Капацитет: 70.000
Отворен: 2020

Овој е најнов стадион од сите на Мундијалот и арена на која допрво треба да дојдат големите светски настани. Во 2022-ра се играл Спер Боул, во 2023-та финале на НЦАА лигата а во 2028-ма ќе има церемонија на отворање и затворање на Летните олимписки игри.

Овој стадион беше избран за Светско пред стадионот „Роуз Боул“ во Пасадена кој се наоѓа на 30-ина километри надвор од Лос Анџелес и на кој се одигра легендарното финале на Светско 1994 меѓу Бразил и Италија.

Мајами: „Хард Рок Стадион“

Отворен: 1987-ма
Капацитет: 65.000

Во 2020-та година во Мајами се појави нов клуб - Интер Мајами, во сопственост на Дејвид Бекам и негови бизнис партнери. Но екипата за која игра Меси не настапува на овој стадион.

А на оваа Арена се има играно Ел Класико Реал Мадрид - Барселона и се одржал Супер Боул.

Стадионот е познат и по некои сцени на култниот филм со Џим Кери во улога на Ајс Вентура. На Светското првенство 1994 се играа натпревари на Флорида на стадионот „Ситрус Боул“ во Орландо.

Монтереј (Мексико): „Стадион ББВА)

Отворен: 2015-та
Капацитет: 53.500

Овој стадион е еден од најмодерните на целиот Мундијал и е препознатлив по преубавиот амбиент во околината. Од трибините на овој стадион се гледаат околните планини, врвови и ридови во Монтереј односно планината Черо де ла Сиља.

Њујорк/Њу Џерси: „МетЛајф Стадион“

Отворен: 2010
Капацитет: 82.500

Тука се играше финалето на Копа Америка кога Меси кој промаши пенал го изгуби второто финале по ред на Копа Америка. На овој стадион пријателски играле Аргентина, Бразил, САД и Португалија. Во 2014-та се одржал Супер Буел. 

Големото финале на Светско првенство 2026 е закажано на овој стадион на 19-ти јули 2026-та.

Филаделфија: „Линколн Фајненшл Филд“

Отворен: 2003-та
Капацитет: 69.000

Овој стадион беше отворен со пријателска меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона, на него се играа натпревари од женско Светско првенство 2003-та, Голд Куп 2009 и 2015 и Копа Америка.

Интересно овој стадион е супер на еколошки план зошто има околу 11.000 соларни панели и 14 ветерници. Овде концерт 4 пати имала Тејлор Свифт, три пати Бијонсе и два пати Колдплеј.

Сан Франциско: „Леви Стадион“

Места: 71.000
Отворен: 2014-та

Тука исто се играле неколку турнири во фудбал како Копа Америка, МЛС лигата, пријателски меѓународни натпревари, Лига на шампиони на Северна и Средна Америка, Голд Куп (финале). Се одржал и Супербоул меѓу Каролина Пантер и Денвер Бронкос.

Овој стадион се наоѓа во „Силиконска долина“ и има најсовремена технолошка модернизација (најдобра вај-фај инфраструктура и апликација за стадионот и теренот).

Сиетл: „Лумен Филд“

Отворен: 2002
Капацитет: 69.000

Дом на Сиетл Суперсаундерс. Тука играа некогаш Обафеми Мартинс и Фреди Љунберг. Имаше Копа Америка натпревари како средби од Голд Купот. Во јуни 2011-та групата У2 продале околу 70.000 карти за концерт на овој стадион.

Торонто: „БМО Филд“

Отворен: 2007-ма
Капацитет: 45.000

На овој терен игра Торонто во МЛС лигата. Во 2007-ма година тука се одржа и Светско У-20 на кое играа Агуеро, Ди Марија, Кавани, Пато, Пике, Санчез, Видал и други...

На овој стадион настапува канадската репрезентација во рагби.

Ванкувер (Канада): „БиСи Плејс“

Отворен: 1983-та
Капацитет: 54.000

Овој стадион веќе примил гости за Светско првенство, она во женски фудбал во 2015-та кога освоија фудбалерките на САД. Како и Зимски олимписки игри 2010.

Куриозитет е што подвижниот кров може да се отвори и затвори за 20-ина минути а горе над средината на игралиштето има огромент гигантски видео бим.

11 јуни 2026 - 12:34