Спектакуларно отворање на Светско првенство, Шакира ја распали Ацтека

Мундијалот 2026 е официјално отворен. Три земји домаќини, а церемонијата на свеченото отворање се одржа на култниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити. На терен спектаклот го збогатија Шакира, Мана и Андреа Бочели.

Главен настан на свеченото отворање беше настапот на Шакира со Бурна Бој и 50 танчери и танчерки. Ја изведоа химната на овој Мундијал: „Даи Даи“. Меѓу другите настапи и венецуелската поп ѕвезда Дени Оушн кој во латино ритам дополнително ја подгреа атмосферата.

 

На средина на теренот имаше и огромен, гигантски пехар на Светско првенство:

На Мундијалот ќе има три маскоти, секоја за трите земји домаќини. Јагуарот Зају беше на стадионот „Ацтека“.

 

11 јуни 2026 - 21:04