Offside

Иронијата на судбината сакаше првиот меч на Манчестер Сити после пресудата на судот дека се виновни по сите 114 точки од обвиненијата, да биде токму против Ливерпул. На „Енфилд Роуд“ се одигра големото дерби кое мина во знакот на паролите од двете страни. Гостите убедливо славеа 0-3.

Тешка камера падна на сред натпревар Унгарија - Казахстан

За време на пријателски дуел меѓу Унгарците и Казахстанците на стадионот во Дебрецин од горе паднала мобилна камера а еден камерман крај аут-линијата имал голема среќа.

Првиот човек на Атлетико Мадрид за соопштението на Реал Мадрид

Реал Мадрид на својата официјална клупска страница објави кратко и јасно соопштение во кое вели дека на состанок на директорите е одлучено да се прати понуда од 150 милиони евра до Атлетико Мадрид за напаѓачот Хулиан Алварез. Еве што вика на тоа првиот човек на Атлетико, Енрике Черезо:

Аргентина го растури Исланд во САД, Меси стрелец пред рекордни 88.000 гледачи

На стадионот „Џордан Хејр“ во Алабама синоќа пријателската средба, генералката пред Светското првенство меѓу Аргентина и Исланд ја гледале преку 88.000 гледачи (поточно 88.043) што е најголема посета на еден спортски настан во историјата на овој град во САД.

Само судијка да не полуди

Пријателски натпревар меѓу женските фудбалски репрезентации на Бразил и САД во градот Форталеза во Бразил пред повеќе од 55.000 гледачи. Американките победиле 0-1 а Бразил добил дури 8 црвени картони! 4 добиле селекторот и тренерите на клупата и 4 фудбалерки на теренот и на клупата за резерви. Главната судијка Паола Лопез од Шпанија ги делела како локуми.

Почнува Арена Спорт Македонија, ќе пренесува и Светско

Македонскиот спортски аудиториум од денес и официјално добива нова телевизиска платформа откако со работа започна Арена Спорт Македонија, познатиот канал кој ќе емитува спортска програма на македонски. Уште на самиот старт Арена Спорт Македонија ќе има голем и убав предизвик: Светско првенство 2026 во фудбал, 104 натпревари кои ќе бидат пренесувани и коментирани од неколку искусни коментатори.

Светско првенство ќе се отвори на стадионот на кој во легенди влегоа Пеле и Марадона

Иако во прв план последниве неколку месеци се ултра модерните арени ширум САД, едно легендарен фудбалски храм тивко, искусно и од сенка чека уште едно свечено отворање на големо Светско првенство.

Ким Кардашијан на Формула 1 како слон во стаклара

Младата италијанска сензација Кими Антонели на само 19 години прави чуда и ја забележа петтата победа по ред во Формула 1! Изминатиот викенд на трката за Големата награда на Монако Антонели успеа од пол-позиција да победи на трката на која имаше од се по нешто. На крајот втор беше Луис Хамилтон а трет Исак Хаџар.

Камавинга од Реал не оди на Светско, слушал предавања на Харвард

Познатиот фудбалер на Реал Мадрид, францускиот репрезентативец Едуардо Камавинга не се најде на списокот на францускиот селектор Дидие Дешам за претстојното Светско првенство па решил корисно да го искористи слободното време.

Един Авдиќ - In Memoriam

Во понеделникот во Сараево беше погребан најпознатиот кошаркарски водител од регионов, Един Авдиќ кој ненадејно почина во Белград каде живееше и работеше на 47-годишна возраст. Од познатиот Едо се простија најголемите кошаркарски великани и познати личности од други спортови како Жељко Обрадовиќ, Дејан Бодирога, Мирза Телетовиќ и други.

Репрезентацијата на Узбекистан тресена на Светско до гола кожа

Незапаметени безбедносни мерки преземаат американските власти кои ја преминуваат и границата на пристојност. По капитенот на Ирак кој бил држен повеќе од 7 часа на информативен разговор на аеродромот во Чикаго, сега репрезентацијата на Узбекистан која за првпат во историјата ќе игра на едно Светско првенство, била тресена со дресирани кучиња како да се криминалци.

Доналд Трамп заспал на НБА финале

Американскиот претседател реши да го проследи 3. натпревар од серијата во големото финале на НБА меѓу Њујорк Никс и Сан Антонио Спарс. После 0-2 во Тексас каде Никс земаа две победи, сега Сан Антонио се врати благодарение на Виктор Вембанјама и намали на 1-2 пред нов дуел во „Медисон Сквер Гарден“. Трамп задремал во еден момент.

Легендарната Ацтека е спремна за 3-то Светско првенство!

Култниот стадион „Ацтека“ во Мексико по трет пат во историјата ќе биде домаќин на едно Светско првенство по оние во 1970-та, 1986-та и сега во 2006-та. Во четврток вечер од 21 часот по европско време на овој стадион Мундијалот ќе го отворат домаќинот Мексико и Јужна Африка.

Судиите го штитат Вембанјама како бела мечка

Високиот Французин е еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, но често судиите му прогледуваат низ прсти за груби фаули, прекршоци кои не личат на нормални. Така Њујорк Никс се жалеа дека на синоќешниот 3 натпревар од големото финале Сан Антонио Спарс извел 22 слободни фрлања во вториот дел а тие само 8.

Сан Антонио Спарс се живи, победија среде Њујорк

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс го совладаа Њујорк Никс во „Медисон Сквер Гарден“ на гости 115-111 и ја оставија отворена серијата во големото финале на НБА. После првите два триумфи на Никс во Тексас, во Њујорк се беше спремно за нова победа но така не мислеа Вембанјама и другарите.

Како изведува корнер, така ја води и ФИФА

Џани Инфантино, првиот човек на светската фудбалска федерација (ФИФА), човек кој е меѓу „позаслужните“ што Светското првенство стана панаѓур, што ќе играат 46 селекции и нема да се знае кој јаде кој пие. Еве колку знае од фудбал:

Сите дресови за Светско првенство 2026

На 11-ти јуни (четврток) со натпреварот Мексико - Јужна Африка на легендарниот стадион „Ацтека“ започнува големото Светско првенство 2026. Сите репрезентации се веќе во САД, Мексико и Канада, земјите-домаќини на Мундијалот. Спремни се и новите дресови кои ќе ги носат фудбалерите.

Или ќе добие отказ или ќе му покачат плата, трето нема

Полицаец во САД, задолжен да води ред кај хотелот на репрезентацијата на Египет, ги забавува присутните навивачи, воглавно Египќани кои живеат, студираат и работат во САД. Дали е ова во ред проценете сами:

Емотивни слики - сите фудбалери заедно околу Ериксен

Данецот Кристијан Ериксен (34) уште еднаш ја преплаши светската јавност откако синоќа колабираше по втор пат во кариерата и тоа во репрезентативниот дрес на Данска на натпревар против Украина. На Европското 2021-ва Ериксен падна на сред терен и неколку минути беше без свест. Тогаш, а и сега сите играчи на теренот покажаа високо ниво на свесност и го сокрија капитенот на Данска за да не се злоупотребува со снимки и фотографии.

Како Зверев го прекина проклетството и конечно го освои Ролан Гарос

Германскиот тенисер Александар Зверев е нов шампион на Ролан Гарос откако во големото финале во Париз го совлада помладиот Италијанец Флавио Коболи во пет сета: 6:1, 4:6, 6:4, 6:7, 6:1. Ова е прва Гренд Слем титула во кариерата на Зверев кој досега играше во две Гренд Слем финалиња и двете ги загуби од пресврти после негови водства. Сега конечно го тргна проклетството.

Бомбашки напади прекинаа натпревар за финале во Израел

Натпреварот меѓу екипите на Хапоел Тел Авив и Хапоел Ерусалим во полуфиналната серија од доигрувањето за титула во Израел бил прекинат поради бомбашки напади.

Бидна и тоа: Швеѓанецот Дуплантис изгуби после 3 години и 40 победи по ред!

Дојде крајот на една неверојатна серија за во Гинисова книга на рекорди. На домашната етапа од „Дијамантска лига“ во Стокхолм пред своите навивачи каде минатата година постави нов светски рекорд од 6,28, сега Дуплантис изгуби од Гркот Емануил Каралис.

Нема никакви дилеми, Флорентино Перез е потврден за претседател на Реал Мадрид

„Ова е Реал Мадрид каков што сите го сакаме. Независен Реал Мадрид. Реал Мадрид кој не се плаши од промени“, рече меѓу другото легендарниот претседател на Реал Мадрид Флорентино Перез во говорот веднаш по победата на претседателските избори во клубот. Новиот мандат му важи до 2030.

Данецот Ериксен пак колабираше на сред терен

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен повторно изгуби свест како на Европското првенство во 2021-ва година кога на стадионот „Паркен“ во Копенхаген ги преплаши сите гледачи. Сега неколку минути бил во кома па се вратил и сега е добар.