После голема борба каква што не беше видена досега во доигрувањето за титула и 48 минути динамична кошарка, Сан Антонио Спарс победи благодарение на Виктор Вембанјама со 32 поени, 8 скока и 6 асистенции. Стефон Касл додаде 23 поени и по 5 скока и асистенции а Дилан Харпер запиша 13 поени, 9 скока и 4 асистенции.
Ова е првпат уште од 1993-та година во едно големо НБА финале три натпревари по ред да добијат гостинските екипи. Тогаш играа Чикаго Булс и Феникс Санс
Кај Њујорк Никс кој бурно протестираше кај судиите зошто сметаа дека допуштиле премногу груба игра од Вембанјама и неговите соиграчи (Сан Антонио Спарс доби 22 слободни фрлања во вториот дел а Никс изведоа само 8), најефикасни беа Џејлен Брансон со 32 поени и по 5 скока и асистенции, 28 поени уфрли Оу-Џи Ануноби, 16 даде Харт, 11 Карл-Ентони Таунс а 10 поени забележа Џордан Кларксон.
This is insane 😭 pic.twitter.com/auJUOqtMAb
— Showtime Luka (@showtimeluka) June 9, 2026