Offside

Во драма каква што може да режираат само најголемите режисери на сите времиња, Интер ја совлада Барселона со 4:3 во продолженија и се пласираше во големото финале на Лига на шампиони!

Болоња пиша нова историја во неколку секунди со Борусија Дортмунд

На убавиот и култен стадион „Ренато Дал'Ара“ сезонава за првпат се игра Лига на шампиони после точно 60 години по последниот настап на Болоња во некогашниот Куп на европски шампиони. Ја забележаа првата победа и тоа после пресврт во само неколку секунди против Борусија Дортмунд.

Цепелинот на Велковски и Костески, празник за очи

Освен што играат храбро и позрело на ова Светско првенство, македонските ракометари умеат да направат и атракција за публиката. Една таква режираа Мартин Велковски и Ненад Костески. Убавецот на македонската репрезентација, што би рекол Тони.

Контроверзните одлуки на дуелот Бенфика - Барселона

На стадионот „Луж“ во Лисабон синоќа пред повеќе од 50.000 гледачи Бенфика и Барса го одиграа најлудиот натпревар досега сезонава во Лига на шампиони. Домаќините водеа еден момент и 3-1 па и 4-2 на 12 минути пред крај а гостите на крај славеа 4-5. Главниот судија на мечот досуди три пенали, еден за домаќините и два за гостите а во 90+8' минута од продолжението му даде црвен картон на Артур Кабрал.

Луд, историски натпревар меѓу Бенфика и Барселона со дури 9 гола

Фудбалерите на Барселона ја победија Бенфика на гости со 4:5 после голем пресврт откако губеа 3-1. Лига на шампиони со еден куп голови, луди црвени картони и неверојатни пресврти.

Херојскиот поен на Ѓоковиќ за 2:1 и размената од 33 удари во прилог на Алкараз

Никакво значење нема разликата од 16 години меѓу Ѓоковиќ и Алкараз. Судирот на генерации го доби искуството пред младоста. И тоа Новак губеше 0:1, за на крај да слави 3:1 и да запише фасцинантна бројка од вкупно 50 полуфиналиња на Гренд слем турнирите. Кралот на Австралија опен има скор во Мелбурн од 99:9. Во полуфинале го чека нов тежок противник, а тоа е Александар Ѕверев. Уживајте во најдоброто од денешната победа на челичниот Србин кој го надигра Шпанецот.

Тајм аутот на Кире и бомбата на Фитиљ од 12-13 метри

Македонските ракометари ни го кренаа адреналинот на ова Светско првенство и изрежираа битки на нерви. Ремито со Австрија 29:29 го остварија на многу храбар и јуначки начин. Финишот беше луд, но и успешен после инструкциите на селектор, кој им нацрта акција која требаше да ја спроведат за 4 секунди.

Луда реми завршница со снајперски гол на Кузмановски со звукот на сирената

Нов настап на нашите ракометари, нов мега драматичен натпревар со пеколно неизвесна завршница. Македонија - Австрија 29:29. Битка на нерви.

Кога Пипо Инзаги беше 5 метри во игра па му свиреа офсајд

Видео кое кај секој љубител на калчото ќе разбуди носталгија. Серија А во најдобрите времиња. Пипо Инзаги кој се прослави по дремење во офсајд, еднаш се погоди да му кренат офсајд знаменце иако беше 5 метри пред противничката одбрана.

Браво девојко

На дуелот меѓу женските екипи на Вестерн Сиднеј и Перт Глори во австралиската женска А-лига кој заврши 4-1, домашната фудбалерка Грејс Махер постигнала неверојатен гол од корнер. Ова и на ретко кои машки фудбалери им успеало.

Среќен роденден Ален Бокшиќ, какво играчиште беше

На 21 јануари 1970-та е роден Ален Бокшиќ, еден од најдобрите хрватски напаѓачи во историјата, кој после Хајдук и Марсеј, направи кариера во Серија А во дресовите на Јуве и Лацио. Ах колку го мачеа повреди, инаку ќе беше уште појак. Има едно ремек дело од него од средбата Лацио - Сампдорија, кое не се заборава.

Еуфоријата во Вараждин во 2009-та и пласманот на Македонија во втора фаза

Ист месец, исто место, само други ликови и во други околности, после пауза од 10 години. Само Кире Лазаров го има од тој состав. Тогаш капитен, сега селектор. Да се потсетиме. Преубави моменти.

Мурињо претстави свое вино

Тренерот на Фенербахче, трофејниот Мурињо во 2004-та година само што дојде од Порто во Челси, тогаш пред новинарите рече: „Ве молам не ме викајте арогантниот, но јас сум европски шампион и мислам дека сум посебниот“. Од тогаш го носи прекарот „Посебниот“. Таков бренд на вино извади сега. Една флаша ќе чини 120 евра.

Кузмановски е најдобар стрелец по првата фаза на Светското првенство

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Филип Кузмановски е најдобар голгетер по првата фаза на ракометниот Мундијал кој се игра во три земји.

Последните 11 киксови на Онана

Како Манчестер Јунајтед „ја реши“ голманската позиција? Се откажа од Давид де Хеа, сметан за еден од најдобрите во светот, кој беше на Олд Трафорд 12 сезони со преку 500 настапи, за да го доведе Андре Онана, кој никако не може да влезе во иста класа со Шпанецот. Плус да не зборуваме во ваква форма брани Де Хеа во Фиорентина.

На ред е Австрија, ќе има голема борба

Најдобрите македонски ракометари денес го продолжуваат настапот на Светско првенство. Црвено-жолтите остануваат во Вараждин, во иста сала, а противник ќе биде Австрија која во следната фаза пренесе 2 бода.

Лудиот финиш во Осло во режија на браќата Душебаеви

Шведска и Шпанија ја режираа најголемата драма во 3. коло од групната фаза на Мундијалот. Скандинавците на два пати имаа +7 во првиот дел, на средина од вториот дел имаат +6, но сепак не успеаа да победат. Шпанците им ја стопија предноста во последните минути од средбата, а најдраматично беше во последните 10 секунди во кои Алекс Душебаев израмни со удар од 9 метри, а потоа брат му Даниел спаси чист гол, откако Швеѓаните гаѓаа од центар на празен гол.

Царски и невиден фер-плеј: голман побара од судијата да поништи црвен картон

Шведска и Шпанија го одиграа најјакиот натпревар од почеток на Светското ракометно првенство. На крајот 29:29 и бод со кој повеќе ќе бидат задоволни Шпанците кои се вратија од -7 гола негатива. Двете репрезентации имаат по 5 бода но Шведска е прва на табела поради подобра гол разлика. Овој дуел го одбележа и најдобриот фер-плеј момент на сезоната.

Виљареал со Мајорка ко на тренинг, 4 гола за 8 минути

Во дуел на екипите кои котираат многу високо на табела во Ла Лига, Виљареал (5-то место) и Мајорка (6-то), домаќинот славеше со 4-0. Фудбалерите на Виљареал ги дадоа головите од 20-та до 28-ма минута и ја завршија работата експресно.

Бразилците од Дибиров да не учеле ракомет?

Најголемата сензација во групната фаза на ракометниот Мундијал ја приреди Бразил, кој успеа да ја совлада Норвешка и да оди понатаму со 2 бода и 2 победи бидејќи го победија и САД. Гилерме Боржес го има можеби најатрактивниот погодок на досегашните средби.

Лука Модриќ и гигантската змија

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ празничните денови ги минал во Дубаи со семејството, а дел од слободното време го искористил да го посети и познатиот Зоолошки парк „Фејмпарк“ во сопственост на милијардерот Саифа Белхасе. Модриќ таму хранел тигар и позирал со огромен, гигантски питон.

Конкурсот за автогол за 2025-та е затворен

Само 20 дена од стартот на новата година, во англиската седма лига падна најјакото, надреално забивање во сопствениот гол. Стрелец? Голманот.

Дете од Гостивар го издрибла обезбедувањето и стигна до дрес од Мбапе

10 годишниот Реис Фејзи од Гостивар е малиот за кој пишуваат многу светски медиуми. По крајот на средбата меѓу Реал Мадрид и Лас Палмас, која заврши 4:1, тој успеа да влезе на терен и да добие дрес од својот идол Килијан Мбапе, кој постигна два гола. Доживотно ќе го раскажува ова искуство.

„Ој Вардаре македонски“ ечи во Анталија

Фудбалерите на Вардар се спремаат за пролетниот дел од сезоната во Турција, Анталија, како и многу пати до сега. Задолжен за одржување на атмоферата во тимот е Филип Гачевски, кој ги мотивираше соиграчите со неофицијалната химна на клубот.