БиХ на генералка пред Светско ја бодреа 20.000 навивачи во САД

Босна и Херцеговина одигра 1-1 на пријателски натпревар против Панама во Сент Луис како подготовка за настапите на Светско првенство. БиХ ја бодреле преку 15.000 навивачи кои во еден глас ја испеале нивната препознатлива песна „Пољем се шири мирис тамјана“. БиХ на Светско ќе игра против Канада на 12-ти јуни, против Швајцарија на 18-ти јуни и против Катар на 24-ти јуни.

За градот Сент Луис во сојузната држава Мисури некои велат дека е „мала Босна“ затоа што илјадници навивачи на БиХ кои се иселени во САД дошле да ја бодрат оваа репрезентација на пријателскиот дуел против Панама (1-1).

 

7 јуни 2026 - 10:21