Offside

Иронијата на судбината сакаше првиот меч на Манчестер Сити после пресудата на судот дека се виновни по сите 114 точки од обвиненијата, да биде токму против Ливерпул. На „Енфилд Роуд“ се одигра големото дерби кое мина во знакот на паролите од двете страни. Гостите убедливо славеа 0-3.

Има ли нешто во тој 16 јуни на Светско?

Интересен статистички податок кој ги поврзува последните три светски прваци на летните Мундијали? Ќе продолжи ли оваа низа со бранителот на титулата?

Ќе го повтори ли некој поенов на Рафа на Роланд Гарос?

Од 22 Гренд слем титули, 14 му се во Париз на земјениот терен каде што беше неприкосновен. Евергрини ќе останат овие негови потези.

Германците на Светско отишле со обичен лет, подариле дресови за сите патници

Четирикратниот светски шампион и фудбалска велесила Германија во вторникот скромно и без голема помпа одлетала од аеродромот во Франкфурт до Чикаго а потоа и до нивната база на Светското првенство. 

Хрватските пожарникари на сред решавачките пенали на Светско

За време на неверојатниот драматичен дуел од четвртфинале на Светско првенство 2018 кога Хрватска играше на пенали против Данска, пред решавачкиот пенал на Иван Ракитиќ на хрватски пожарникари им стигнува итна пријава за пожар. Не трепнуваат, стануваат професионално и истрчуваат во своите возила за гаснење пожар. Потоа добија почести и признанија после ова видео. Ракитиќ погоди пенал а Хрватска стигна дури до финале каде изгуби од Франција.

Олимпијакос пак го разби Панатинаикос, на Атаман му се криви судиите и новинарите

Во првата средба од финалната серија во грчката Суперлига, големите ривали Олимпијакос и Панатинаикос се сретнаа по којзнае кој пат сезонава. Црвено-белите ја искористија предноста домашен терен и пред преполни трибини славеа 82-76. Панатинаикос се врати од огромни -17 но на крај промаши чисти отворени шутеви и новиот европски шампион заслужено славеше.

Најчудните 20 настани од Светски првенства

Поточен опис би било најнеобичните или најлудите епизоди. Како на пример гризењето на Кјелини од страна на Суарез, голот со рака на Марадона, историскиот дебакл на Бразил 1-7 од Германија на домашен терен итн.

Емоцијата на Един Авдиќ во една тројка

Регионалната кошаркарска и новинарска сцена го загуби еден од своите најпрепознатливи гласови. Един Авдиќ почина ненадејно на 47-годишна возраст, а трагата што ја остави дефинитивно никогаш нема да се изгуби. Авдиќ беше препознатлив по својот специфичен тон, емотивност и длабока поврзаност со кошарката. Неговиот глас се слушаше на домашните првенства, АБА лигата, Евролигата, НБА, како и на големите репрезентативни натпреварувања.

Никој не го сфаќа Светското првенство посериозно од Бразил

Жителите на улицата Луиз Вилар обоија 38 знамиња на Бразил со околу 270 литри боја. Ова е еуфорија и возбуда за фудбал, која ние не можеме да ја разбереме. Бразил отвара на 13 јуни со Мароко. Живо пиле ќе нема по улици.

Торпедо на полски дефанзивец во 95 минута

Во низата пријателски овие денови, Полска и Нигерија одиграа натпревар кој заврши 2:2. Пољаците два пати израмнуваа. Вториот пат спектакуларно, благодарение на бомбата на Пшемислав Вишневски.

Необична сцена во НБА финалето

Њујорк Никс поведе со 1:0 на гости во првото соочувањето од големото НБА финале против Сан Антонио Спарс. Во еден момент на паркетот се случи нешто што обично го гледаме на фудбалските терени.

Изненадувачки старт во НБА финалето, Њујорк направи брејк

Њујорк Никс го победи Сан Антонио Спарс на гости со 105-95 во првата финална битка и поведе со 1-0 во серијата до четири победи. Џејлен Брансон постигна 13 поени во последната четвртина, само 6 помалку од целиот тим на Спарс.

Дали Лос Анџелес го има најубавиот стадион за Светско?

Стадионот „СоФи“ во Лос Анџелес важи за еден од најубавите на светот. На него се игра фудбал, рагби и други спортови. Сега е спремен под конец за Светското првенство 2026. На него ќе се играат 8 натпревари од Мундијалот од кои и оној на отворањето меѓу САД и Парагвај. Има капацитет од 70.000 гледачи.

Валенсија ja истакна најјакaта одбранa на Столе

Клубот од Местаља на социјалните мрежи ги издвои најатрактивните потези на Валенсија за изминатата сезона. Во големиот избор на јаки интервенции на Димитриевски, ја истакнаа онаа на гостувањето против Севиља, каде нашиот голман блесна. Иако сезоната ја почна на клупата, потоа целосно го искористи отсуството на повредениот Јулен Агирезабала и стана една од клучните фигури во борбата за опстанок.

ФФМ ја исфрли Шкендија од Куп за цела сезона

Дисциплинската комисија при ФФМ ја казни ФК Шкендија по сите основи кои ги најави. Тоа значи дека ќе немаат право на настап во Купот на Македонија следната сезона и ќе треба да платат вкупно 105.000 евра поради пет прекршоци. Казни има и за Вардар и Силекс.

Хари Кејн се изнагледал во својата восочна фигура

Имало восочни фигури и ќе има, ама ваква идентичност како онаа на Хари Кејн не е видена кај спортистите. Ова е неверојатно. Ниту најдобриот англиски фудбалер и капитен на репрезентацијата не можел да се изначуди кога си ја видел новата фигура во светски познатиот музеј „Мадам Тисо“.

Не беше арен Оливер Кан

Некогашниот најдобар германски голман Оливер Кан се памети по врвните одбрани но и по агресивните испади кон противниците.

114-та тенисерка на светот направи сензација и влезе во полуфинале на Ролан Гарос!

Најголема сензација во досегашниот тек на Ролан Гарос е 24-годишната анонимна Маја Хвалинска која ја совлада големата фаворитка Ана Калинскаја во четвртфинале и се пласираше во полуфинале.

Само Роналдо е пред Лукаку за репрезентација

Белгија ја совлада Хрватска на гости со 0:2, а Ромелу Лукаку стигна до 90 репрезентативни голови. Со оваа фантастична бројка тој е втор најдобар стрелец во Европа во репрезентативна конкуренција. На Левандовски му бега само еден гол. На светската листа е петти.

Паниниманијата во Чиле пуштена на најјако

Чиле не се квалификуваше на Светско. Последното мундијалско учество им е во 2014-та. Ама тоа не е причина да нема еуфорија за најголемиот фудбалски настан во светот. 8.000 Чилеанци се собрале на стадион за да менуваат со сликици.

Реал Мадрид шокиран, Тенерифе ги победи по -7 во последните 53 секунди

Кошаркарите на Тенерифе направија голема сензација откако го победија Реал Мадрид на гости 98:97 и поведоа со 1-0 во четвртфиналето на доигрувањето за шампионска титула во Шпанија. Тенерифе направи чудесен пресврт откако губеше 7 поени разлика на сам 57 секунди до крајот. На крај шут за триумф на Реал имаше Марио Хезоња но го промаши.

Хрватска добива патека за Формула 1

По Будимпешта, регионов најверојатно ќе добие уште една Формула 1 патека каде ќе возат најдобрите светски пилоти и тоа ќе биде можност за луѓето од земјите во регионов полесно да го гледаат патувачкиот циркус во живо.

Мексиканците големи домаќини, маријачи и сомбреро за гостите

Првиот натпревар на отворање на Светско првенство 2026 ќе се игра во Мексико каде домаќинот ќе ја пречека Јужна Африка во рамки на 1. коло од групата А. На стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити каде се играа и натпревари на легендарните Мундијали 1970 и 1986 во Мексико. Мексиканците како прави домаќини ги пречекале првите гости, Јужна Африка и Јапонија. За едните маријачи а за другите сомбреро (сенка на шпански е sombrero).

Норвежаните имаат оригинална поддршка пред Светско

Ќе биде многу интересно да се види поддршката која ќе ја имаат Норвешка и Ерлинг Халанд на Светско првенство 2026 летово. „Викинзите“ се во група со Мароко (7-ми јуни 21 часот), Ирак (17-ти јуни 00 часот на полноќ) и Сенегал (23-ти јуни во 02:00 часот после полноќ). Ќе веслаат како викинзи!

Индијците ја тргнаа гигантската статуа со Меси

Статуата која е поставена во Калкута и е висока 70 стапки (21 метар) е отстранета само 6 месеци откако е поставена. Властите велат дека се нишала од силни ветрови и сега се наоѓа во владин магацин. Делови од базата се срушиле.